С О О П Ш Т Е Н И Е
Се известуваат граѓаните, правните лица од просторот oпфатен со Предлог Изменa и дополна на Блок 17 од УПВНМ за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ”, Општина Гази Баба, Скопје, државната управа, научните и стручните организации, дека Градоначалникот на Општина Гази Баба донесе Одлука за организирање на:
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
По Предлог Изменa и дополна на Блок 17 од УПВНМ за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ”, Општина Гази Баба, Скопје, кoj oпфаќа простор од 23,49 ха., со следните граници :
Границата на планскиот опфат се совпаѓа со границата на блок 17 од УПВНМ за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка „Хиподром” до клучка „Сингелиќ”:
Во рамките на Предлог Изменa и дополна на Блок 17 од УПВНМ за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ”, Општина Гази Баба, Скопје, се предвидени наменски зони со следниве основни класи на намени:
Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија
Г3 – Индустрија за склопување на финални производи, сервисни услуги и
производство на енергија од обновливи извори
Г4 – Стоваришта, складови и отпади
Д2.1 – разделно зеленило
Е1.1 – Сообраќајни патни инфраструктури
Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија
Е1.11 – Инфраструктури за одводнување
Предлог Изменa и дополна на Блок 17 од УПВНМ за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ”, Општина Гази Баба, Скопје, ќе биде изложен во просториите на Месната заедница Питу Гули, во рок од 30 дена и тоа почнувајќи од 14.07.2025год. до 14.08.2025год. секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на Предлог Изменa и дополна на Блок 17 од УПВНМ за изградба на индустриска зона на локалитет заобиколница од клучка “Хиподром” до клучка “Сингелиќ”, Општина Гази Баба, Скопје, ќе се одржи на ден 30.07.2025 год. со почеток во 10.00 часот во просториите на Општина Гази Баба, барака 8 (голема сала).
Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Месната заедница Питу Гули.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки, предлози и мислења на Анкетните листови.
https://www.e-urbanizam.mk/admin/#/home/administration/announcementDetail/2867