Јавен повик за субвенционирање на млади жители на Општина Гази Баба за полагање на возачки испит „Б“ категорија за 2026 година I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК 1. Согласно Одлука донесена од Совет на Општина Гази Баба (Службен Гласник на Општина Гази Баба 01/2026) се пропишуваат начинот, условите и постапката за користење на финансиски средства утврдени во Програмата за локален економски развој на Општина Гази Баба за 2026 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.22/25), за доделување на поединечна субвенција на младите жители на Општина Гази Баба, за полагање на возачки испит Б – категорија во авто школи на подрачјето на Oпштина Гази Баба. 2. Финансиските средства се обезбедени од Буџетот на Општина Гази Баба за 2026 година, Програма за локален економски развој, во износ од 850.000,00 денари. 3. Финансиските средства се доделуваат до нивно целосно искористување во текот на 2026 година. 4. Данокот на доход за физички лица го исплатува Oпштина Гази Баба. 5. Финансиските средства ќе се користат во 2026 година за делумен надомест на поединечните субвенции на младите жители на Општина Гази Баба, искористени за уплата за полагање на возачки испит Б – категорија во авто школи на подрачјето на Oпштина Гази Баба во износ од 10.000,00 денари по лице. II. ЈАВЕН ПОВИК 1. За спроведување на постапката, Градоначалникот со решение формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на жителите на Општина Гази Баба од вработените во општинската администрација (во натамошен текст: Комисија). 2. Општината го објавува јавниот повик на веб страната на Општина Гази Баба и во 1(еден) печатен медиум. 3. Јавниот повик ќе трае до 30.11.2026 година, односно до реализирање на финансиските средства за оваа намена, 4. Барањето како форма за пријавување ќе биде објавено на веб страната на Општина Гази Баба. 5. При спроведување на постапката, согласно динамиката, јавноста ќе биде континуирано известувана за степенот на искористување на предвидените средства, односно за износот на преостанати средства на веб страната на Општина Гази Баба. III. ПРАВО НА УЧЕСТВО 1. Право на учество на Јавниот повик имаат младите жители на Општина Гази Баба кои ги исполниле следните услови: доставиле барање во Архивата на Општина Гази Баба; кои на денот на аплицирање во текот на 2026 година имаат исполнето возраст од 18 години до 25 години; имаат адреса на живеење во Општина Гази Баба; имаат доставен доказ за извршена уплата во авто школа регистрирана на подрачје на Општина Гази Баба. IV. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА 1. Како докази се земаат следните документи: копија од лична карта на барателот; копија од трансакциска сметка на барателот, доказ од извршена уплата во авто школа во оригинал на барателот, и копија од тековна состојба на авто школата не постара од 2 месеци. V. РОК И НАЧИН НА ДОСТАВА НА БАРАЊАТА 1. Барањето со бараните пропратни документи може да се најдат во Архивата на Општина Гази Баба или на официјалната веб страница на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk); 2. Јавниот повик ќе трае до 30 Ноември, 2026 година, односно до реализирање на финансиските средства предвидени во Буџетот на општина Гази Баба за 2026 година. 3. Пријавите треба да се доставуват преку пошта до адреса „Архимедова“ бр. 2, или директно во Архивата на општина Гази Баба најдоцна до 30 11.2026 година, односно до 16 часот на последниот ден од Јавниот Повик, со назнака:„Јавен повик за субвенционирање на младите жители на Општина Гази Баба за полагање на возачки испит „Б“ категорија во 2026 година“. 4. Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, со нотирање на назнаката на Јавниот Повик. 5. Неуредните Барања кои не се доставени на начин како што се бара во Јавниот Повик, односно кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и оние кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат. 6. Подетални информации, заинтересираните можат да добијат на e-mail адресата: contact@gazibaba.gov.mk , или директно во секторот за локален економски развој.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Линкови:
1А_Одлука_субвенција за возачка дозвола на млади_2026.
2А_јавен Повик_субвенционирање за возачка дозвола_2026
3А_Барање_Субвенционирање на возачка_2026
*15,05,2026
Општина Гази Баба ве известува дека од средствата предвидени за “Јавен повик за субвенционирање на млади жители на Општина Гази Баба за полагање на возачки испит „Б“ категорија за 2026 година” искористени се 84,9% од предвидените средства.