
Врз основа на точка 5 од Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2026 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.22/25) и Одлуката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори за 2026 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.2/24 и 2/25), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори за 2026 година
1.1.Со цел стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Северна Македонија, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови, Општина Гази Баба ќе им надомести дел од трошоците во висина од 50%, но не повеќе од 15.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство за 2025 година, под услов купувачите до сега да не користеле средства од Буџетот на Република Северна Македонија за купување на сончеви термални колекторски системи во својот дом.
1.2.Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба кои имаат купено и вградено сончеви термални колекторски системи во својот дом во периодот од денот на објавување на јавниот повик се до 30 ноември 2026 година односно до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2026 година.
Јавниот повик е објавен на web страната на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk) и во два печатени медиуми.
2.1.Барателот треба да ги исполни следните услови:
Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.
3.1.За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Гази Баба треба да достави:
3.2.Едно лице може да поднесе само едно барање по домаќинство за добивање на надоместок по овој основ.
3.3.Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик адресиран до „Комисија за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори за 2026 година“ во архивата на Општина Гази Баба, на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, а по донесување на решенија за одобрување на барањата од страна на Градоначалникот на Општина Гази Баба.
5.1.За утврдување на исполнувањето на условите согласно точка 3 од Јавниот повик, Градоначалникот на општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на постапката за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори за 2026 година.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.