Вечна му слава на Бобан Ивановиќ од Стајковци кој загина за слободата на Македонија во Диво Насеље.
Денес на денот кога населеното место Стајковци ги чествува Светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот Бобан Стефковски оддаде почит и со делегација од општина Гази Баба положи свежо цвеќе пред споменикот на Бобан Ивановиќ.
Свежо цвеќе положија и делегација на Советот на општина Гази Баба предводена од претседателот Дијана Илиевска, делегација на семејството на Бобан Ивановиќ, делегација на Месната заедница Стајковци и други делегации.
Градоначалникот Стефковски пред присутните истакна дека споменот за Бобан Ивановиќ никогаш несмее да се заборави и поради тоа ќе даде предлог до училишниот одбор на ООУ “Кирил и Методиј” во Стајковци училишната сала која е во изградба да го носи името „Бобан Ивановиќ“.
{gallery}foto/2022/05/24/ivanovik/gallery{/gallery}
24.05.2022