Денес во просториите на Општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со директорката на ООУ „Григор Прличев“, Александра Петковска Анастасов, која добива нов четиригодишен мандат за раководење со училиштето.
Изминатите четири години беа период во кој, преку заедничка работа, меѓусебна доверба и јасна визија, реализиравме бројни проекти со кои значително ги подобривме условите за образование и воспитание на учениците.
Училиштето бележеше континуиран напредок, успеси на учениците на општински, регионални и државни натпревари, како и унапредување на наставниот процес и училишната средина. Тоа е резултат на посветената работа на директорката, наставниците, стручните служби и целиот училишен колектив.
ООУ „Григор Прличев“ е првото училиште во Општина Гази Баба во кое го реализиравме проектот за целосно климатизирани училници. Денес секоја училница е опремена со инвертер клима-уред, обезбедувајќи поквалитетни услови за работа и учење во текот на целата година.
Во соработка со Владата на Република Македонија, градиме нова училишна спортска сала – капитална инвестиција која ќе остане во корист на сегашните и идните генерации ученици.
И следните четири години ќе продолжиме со уште посилно темпо да вложуваме во модернизацијата на училиштето, подобрувањето на инфраструктурата, осовременувањето на наставниот процес и создавањето уште подобри услови за образование и воспитание.
Нашата цел е секое дете да учи во современо, безбедно и мотивирачко училиште, затоа што вложувањето во децата е вложување во иднината на нашата општина и нашата држава.
На директорката Александра Петковска Анастасов ѝ го честитаме новиот мандат и ѝ посакуваме многу успех, здравје и енергија за реализација на новите предизвици.
Директорската функција не е привилегија во која се ужива, туку чест, доверба и голема одговорност. Таа подразбира секојдневна посветена работа, визија, чесност и партнерски однос со наставниците, стручните служби, целиот училишен кадар, родителите и локалната самоуправа. Само така можеме да создадеме училишта во кои децата ќе растат, ќе учат и ќе се развиваат во најдобри можни услови.