АУП за формирање на посебни градежни парцели од ГП 03.03.4 од ДУП за градска четврт СИ 03 Блок 03 и за утврдување на површина за градење за секоја градежна парцела со намена Г2-лесна незагадувачка индустрија, Oпштина Гази Баба – Скопје, ќе биде изложен во просториите на Урбана заедница ″Маџари 1″, во рок од пет работни дена (од 06.08.2019 до 12.08.2019год.) секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација на АУП за формирање на посебни градежни парцели од ГП 03.03.4 од ДУП за градска четврт СИ 03 Блок 03 и за утврдување на површина за градење за секоја градежна парцела со намена Г2-лесна незагадувачка индустрија, Општина Гази Баба – Скопје, ќе се одржи на ден 08.08.2019година со почеток во 12.00 часот во просториите на Урбана заедница “Маџари 1”.
Aнкетните листови за учество на Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбана заедница “Маџари 1”.
Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по АУП, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=1173