Ги повикуваме сите семејства кои имаат запишано прваче во
општинските основни училишта во Општина Гази Баба за учебната
2025/2026 година да аплицираат за добивање на финансиска поддршка
во висина 3000 денари.Барањето може да се подигне во архивата на општината.Во прилог на барањето да се достави следната документација:
-Извод од матична книга на родени за првачето и копија од решението за старателство доколку детето е со старателство,
-Потврда за запишан ученик во прво одделение заверено од основното училиште на подрачјето на Општина Гази Баба,
-Копија од важечка лична карта или патна исправа на родителот кој го поднесува барањето и
-Копија од банкарска картичка и трансакциона сметка на родителот кој го поднесува барањето.
Барањата се поднесуваат во архивата на Општината секој работен ден од 07.30 до 16.30 часот почнувајќи од 02 јуни до 31 октомври 2025 година.