Продолжуваме со поставување на успорувачи на сообраќајот, хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација во Инџиково, Ченто, Виниче, Хиподром и во други населени места низ општина Гази Баба.
Со овие активности создаваме побезбедни улици, го намалуваме ризикот од сообраќајни незгоди и ја зголемуваме безбедноста на пешаците, учениците и сите учесници во сообраќајот.
Секој поставен сообраќаен знак, секој успорувач на сообраќајот и секоја обележана пешачка патека значат поголема сигурност за нашите сограѓани.
Продолжуваме посветено да инвестираме во современа и безбедна сообраќајна инфраструктура, затоа што безбедноста нема цена.
Гази Баба се развива, а ние продолжуваме со дела кои носат подобар и побезбеден живот за сите граѓани.