Градоначалникот Бобан Стефковски и општинската администрација им го честитаат на сите граѓани кои го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден според Грегоријанскиот календар.
Во духот на толеранцијата и почитувањето овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе треба да носиме љубов и радост.
Со добра мисла и спокој посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.
Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!
09.04.2023