Ден на независноста на Македонија e државен празник кој се празнува во Република Македонија на 8 септември, а ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
По тој повод на плоштадот во Автокоманда, пред голем број на присутни гости, сe одржа музички настан, со подготвена богата музичка програма од повеќе наши изведувачи, како Јордан Митев, Зуица Лазова, Александра Јанева, Наум Петрески и Синтезис.