Денес градоначалникот Бобан Стефковски имаше средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
На средбата разговараа за безбедносната состојба во Општина Гази Баба, актуелните предизвици и мерките што заеднички ги преземаме за унапредување на сигурноста и квалитетот на живот на нашите граѓани.
Посебен акцент ставија на безбедноста во училиштата, заштитата на учениците и создавањето безбедна и здрава средина за нивен раст и развој.
Разговараа и за предизвиците поврзани со врсничкото насилство, при што се согласија дека превенцијата, едукацијата и навременото институционално делување се клучни во справувањето со оваа појава.
Безбедноста не е обврска само на институциите, туку заедничка одговорност на целото општество. Затоа, преку координирана соработка помеѓу локалната самоуправа, полицијата, училиштата, родителите и граѓаните, продолжуваме да градиме средина во која секое дете ќе се чувствува сигурно, а секој граѓанин заштитено.
Во знак на благодарност за успешната и континуирана соработка помеѓу Бирото за јавна безбедност и Општина Гази Баба, директорот Александар Јанев му додели пригодна плакета на градоначалникот Бобан Стефковски. Ова е признание и потврда за заедничката посветеност, меѓусебната доверба и искрената заложба за создавање побезбедна и посигурна општина за сите наши сограѓани.
Продолжуваме заедно, одговорно и посветено, во интерес на граѓаните на Гази Баба.