Во посета на Општина Гази Баба беше амбасадор на Народна Република Кина, Н.Е. Џанг Ѕуо, со кого градоначалникот
Бобан Стефковски потпиша меморандум за соработка помеѓу амбасадата на Народна Република Кина и Општина Гази Баба.
Амбасадата на Народна Република Кина донираше четири смарт табли и еден лап топ компјутер за нашите општински училишта.
Согласно одлуката на Советот две смарт табли ќе се постават во ООУ Григор Прличев, а по една смарт табла ќе добијат ООУ Стив Наумов и ООУ Крсте Мисирков.
Ова не е прва донација која амбасадата на Народна Република Кина и ја доделува на Oпштина Гази Баба. Во минатото извршена е донација на 310 таблети за учениците од нашите училишта.