Почитувани граѓани и компании од Република Македонија, Доколку имате можност да им помогнете на настраданите лица од катастрофалните поплави во општина Гази Баба истото можете да го сторите на следниот начин: • Во материјална форма – Вода, Конзервирана храна или Средства за одржување на хигиена и истата да ја доставите до спортската сала на ОУ Наум Наумовски – Борче која служи како прифатен и дистрибутивен центар за потребите на настраданите лица од поплавите во ОГБ, • • Со донирање на финансиски средства на донаторската сметка: o Назив на Примач: Општина Гази Баба o Банка на Примач: НБРМ o Трезорска сметка: 100000000063095 o Сметка на буџетски корисник: 777014107678549 o Приходно конто: :744311 o Програма: 00 • Со донирање на финансиски средства на жиро сметката на Црвен Крст o Жиро сметка 300000001327966 ДБ 4030984271620 • Со повикување на бројот 143 400 од сите мобилни оператори (со секој повик донирате 100 денари) Во името на сите настраданите домаќинства од погодените населени места во ОГБ, ве повикуваме во рамките на вашите можности да помогнете во надминувањето на катастрофалните последици од природната катастрофа.
Со почит, Општина Гази Баба 08.08.2016 |