Денес, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и пратениците Зоран Коцевски и Дијана Илиевска во Домот на културата во Ченто ја отворија канцеларијата „Една точка за услуги“ – место каде институциите се поблиску до граѓаните на Општина Гази Баба.
Градоначалникот Стефковски беше првиот граѓанин кој ја искористи оваа можност и преку канцеларијата извади документ – евиденција за годините работен стаж.
Преку „Една точка за услуги“, граѓаните ќе можат да добијат информации, насоки и конкретна поддршка при користењето на 338 електронски услуги достапни преку националниот портал
uslugi.gov.mk
Целта е едноставна – да заштедиме време, да избегнеме непотребно одење од една во друга институција и административните услуги да ги направиме полесни и подостапни.
Затоа ги повикуваме сите граѓани на Општина Гази Баба да ја искористат оваа можност и да ја посетат канцеларијата „Една точка за услуги“.
Дигитализацијата има смисла тогаш кога му го олеснува животот на човекот.
Помалку административни обврски. Повеќе достапни услуги. Институциите поблиску до граѓаните.
Продолжуваме да создаваме услуги што се едноставни, достапни и во служба на граѓаните!