Вечерва на платото пред Кино Маџари, со прекрасна трета фестивалска вечер, го заокруживме МЕЃУНАРОДНИОТ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ „ГАЗИ БАБА 2026“.
Три вечери исполнети со песна, оро, традиција, насмевки и заедништво. Три вечери во кои Гази Баба беше место каде што се споија различни култури, но и место од каде што испративме силна порака – традицијата живее и продолжува!
Со голема гордост ја негуваме македонската култура, нашите обичаи, носии, песни и ора кои со генерации го чуваат идентитетот и духот на македонскиот народ.
Во изминатите денови Гази Баба беше домаќин на фолклорни ансамбли од повеќе држави, кои преку своите настапи ни ја донесоа убавината на различните култури и покажаа дека фолклорот е универзален јазик кој ги поврзува луѓето.
Голема благодарност до сите учесници кои со своите настапи ни подарија незаборавни моменти, но најголема благодарност до моите сограѓани кои во голем број беа дел од фестивалските вечери.
Токму граѓаните ја дадоа вистинската убавина на овој фестивал. Исполнетите плоштади, аплаузите и насмевките се доказ дека ваквите културни настани се потребни и значајни за нашата општина.
Фолклорот е нашето богатство, врската со минатото и наследството кое сме должни да го зачуваме за идните генерации.
Ќе продолжиме да создаваме настани кои ги обединуваат луѓето, ја чуваат традицијата и носат радост во секое населено место.
Да ја чуваме културата.
Да ја негуваме традицијата.
Да продолжиме да ја градиме Гази Баба како место каде што заедништвото и убавите вредности победуваат.
Гази Баба покажа – фолклорот живее во срцата на луѓето!