Денес го одбележавме затворањето на училишните спортски лиги во Општина Гази Баба за учебната 2024/2025 година и ги наградивме најуспешните екипи и поединци кои во текот на годината покажаа исклучителна посветеност, талент и спортски дух.
Во изминатите месеци стотици ученици од основните училишта во нашата општина беа дел од бројни спортски натпревари, покажувајќи дека спортот е многу повеќе од игра – тој е училиште за дисциплина, одговорност, тимска работа и меѓусебна почит.
Денешните пехари, медали и признанија се заслужена награда за вложениот труд, за часовите поминати на тренинзи, за желбата за напредок и за спортската борба што ја покажаа нашите ученици на спортските терени.
Честитки до сите победници и наградени ученици, но и до сите учесници кои со своето присуство и ангажман придонесоа оваа спортска сезона да биде успешна и исполнета со позитивна енергија.
Посебна благодарност градоначалникот упати до наставниците по физичко образование, директорите на училиштата, тренерите и родителите кои секојдневно ги мотивираат младите да спортуваат, да се развиваат и да ги негуваат вистинските вредности.
Како локална самоуправа продолжуваме да инвестираме во училишниот спорт, затоа што веруваме дека здравите навики, физичката активност и спортскиот дух се темел за правилен развој на секое дете и за создавање успешни генерации.
Нашите ученици уште еднаш покажаа дека Гази Баба има талентирани, вредни и амбициозни млади луѓе кои се наша сегашност, но и наша иднина.
Честитки до сите наградени и успешен летен распуст на сите ученици!