Денес меѓународниот карате турнир „Солидарност Опен“ го отвори градоначалникот Бобан Стефковски. Турнирот оваа година се одржува по 24-ти пат и претставува еден од најзначајните спортски настани во карате спортот во Македонија.
Организатор на турнирот е Карате клуб Солидарност, клуб кој со години успешно го развива спортот, спортскиот дух и вистинските вредности кај младите генерации.
Учествуваа над 500 натпреварувачи од Македонија и соседните држави, што е уште една потврда за квалитетот, традицијата и значењето на овој спортски настан.
Општина Гази Баба продолжува силно да го поддржува спортот, младите таленти и сите спортски клубови кои создаваат здрави генерации, дисциплина, посветеност и шампионски дух.
Спортот е најдобрата инвестиција во младите и иднината на Македонија.