Утрово градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за ревитализација на крак од улица “Антон Попов” во Ченто.
Тетка Јагода со која разговараше градоначалникот Стефковски во Ченто, истакна дека проект од страна на општината во нивното маало се реализира после 60 години.
Со денешниот почеток на градежните работи започнува историски најголемата акција за асфалтирање на локални улици во општина Гази Баба.
Во следниот период ќе се асфалтираат локални улици во Автокоманда, Раштак, Јурумлери, Стајковци, Ченто, Маџари, Хиподром, Хиподром 2 и други населени места.
Инвестициите во патната инфраструктура кои ги реализираме само во оваа година се повеќе од инвестициите реализирани во последните 6 години заедно.
360161964_651610300334544_8977020145786367446_n