Се грижиме за животната средина и заедно создаваме почиста, поубава и поздрава општина и се приклучивме на големата еколошка акција која ја покрена Градот Скопје за чистење и уредување на јавните површини.
Заедно со вработените од ЈКП „Гази Баба“, рано утрово започнавме со чистење на јавните површини во Автокоманда.
Во исто време, вработените во општинската администрација ги чистеа и уредуваа пешачките патеки долж булеварот „Александар Македонски“.
На акцијата се приклучија и еколошките секции од општинските основни училишта, кои со голем ентузијазам ги уредуваа и чистеа училишните дворови.
Ова не е само акција за чистење – ова е порака дека сите заедно имаме одговорност да се грижиме за просторот во кој живееме.
Пораката е јасна: да ги чуваме чисти јавните површини, да не фрламе отпад и да бидеме пример за одговорно однесување кон животната средина.
Чистата општина е заедничка обврска, но и заедничка придобивка.
Затоа, со оваа иницијатива продолжуваме – вакви организирани активности ќе реализираме секоја втора среда, со вклучување на институциите, училиштата, јавните претпријатија и граѓаните. Само со заеднички ангажман можеме да направиме вистинска промена.
За чиста Гази Баба. За здрава животна средина. За подобро утре!