Кога ќе подадеме рака на човек во неволја, не менуваме само еден дом – менуваме човечки судбини.
Ветеното го исполнуваме. Денес со голема радост градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека реконструкцијата на кровот на домот на Катерина е успешно завршена. Но, нашата мисија не завршува тука. Веќе започнуваме со реконструкција на внатрешноста на домот, за Катерина и нејзините три дечиња да добијат достоинствени услови за живот, топол дом и сигурна иднина.
Најголемата вредност не е во ѕидовите што се обновуваат, туку во надежта што повторно се враќа во едно семејство. Во насмевките на децата. Во вербата дека не се сами и дека некој се грижи за нив.
Втората прекрасна вест е што по разговорот со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Катерина од следната недела започнува со работа во ЈП „Паркови и Зеленило“, согласно нејзината желба. Со тоа обезбедуваме не само моментална помош, туку и можност за стабилни и континуирани приходи за нејзиното семејство.
Вистинската хуманост не е само да помогнеш денес, туку да создадеш услови некој достоинствено да чекори напред и утре.
Заедно покажуваме дека кога има човечност, солидарност и искрена желба да се помогне, нема нерешливи проблеми.
Продолжуваме да бидеме покрај оние на кои помошта им е најпотребна, затоа што секој човек заслужува шанса за подобар живот.