Ги известуваме граѓаните дека рокот за поднесување на елаборати за бесправно изградени објекти, согласно Законот истекува утре на 30.06.2018 година.
Како би можеле граѓаните навремено да го запазат рокот за поднесување на елаборати, ве известуваме дека едношалтерскиот систем ќе работи и на ден 30.06.2018 сабота од 08:00 до 16:00 часот.
Граѓаните ќе можат да ги достават геодетските елаборати за барања кои се поднесени во 2015/2016 година и за поднесување на нови барања комплетирани со геодетски елаборати за оние кои имаат добиено веќе решение за одбивање, поради некомплетирање на барањата од 2011 година.
29.06.2018