Градоначалникот
Бобан Стефковски направи увид во градежните работи за изградба на новата училишна сала во општинското основно училиште “Наум Охридски” во н.Булачани.
Она што може да се заклучи е дека градежните активности се реализираат согласно утврдениот план и динамика за изградба на училишната сала.
После 60 години ова основно училиште добива училишна сала со што учениците добиваат поквалитетни услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование.
Продолжува реализацијата на проекти за подобрување на условите за образование на сите ученици на територија на Општина Гази Баба.