Врз основа на член 48 став 4 од Законот за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилник за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Гази Баба бр. 08 – 5770/1 од 05.10.2022 година и Правилник за изменување и дополнување на Правилник за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Гази Баба бр. 08 – 569/1 од 31.01.2023 година Општина Гази Баба објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.01/2023
за унапредување на 4 (четири) административни службеници во Општина Гази Баба
Општина Гази Баба објавува интерен оглас за унапредување на 4 (четири) административни службеници за следниве работни места:
1. УПР 01 01 В02 000 Виш соработник за проверка на документација во Одделение за нормативно- правни работи, стручно административни и општи работи, Сектор за правни и општи работи, (1) извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија; – активно да го користи македонскиот јазик; – да е полнолетен; – да има општа здравствена способност за работното место; – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен општествени науки- образование – најмалку две години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
– учење и развој; – комуникација; – остварување резултати; – работење со други/тимска работа; – стратешка свест; – ориентираност кон странките/засегнати страни; – финансиско управување.
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење; – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– работни денови
понеделник-петок;
– работни часови неделно 40;
– работно време од 07:30-08:30 до 15:30-16:30;
– опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 29.745,00 денари
2. УПР 01 01 В01 000 Советник за заштита на квалитетот на амбиентниот воздух во Одделение за квалитет на амбиентниот воздух, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење, Сектор за заштита на животната средина и природата,
(1) извршител Општи услови: – да е државјанин на Република Северна Македонија; – активно да го користи македонскиот јазик;- да е полнолетен; – да има општа здравствена способност за работното место; – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – животна средина или наука за земјиштето и хидрологија
– најмалку три години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
– учење и развој;- комуникација;- остварување резултати;- работење со други/тимска работа;- стратешка свест;- ориентираност кон странките/засегнати страни;- финансиско управување.
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– работни денови понеделник-петок;
– работни часови неделно 40; – работно време од 07:30-08:30 до 15:30-16:30;
– опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 31.596,00 денари
3. УПР 01 01 В01 000 Советник за водење постапка од областа на урбанизмот и ГИС администрирање во Одделение за спроведување на урбанистички планови, Сектор за урбанизам и градежно земјиште, (1) извршител
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија; – активно да го користи македонскиот јазик;- да е полнолетен;- да има општа здравствена способност за работното место;- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен- инжeнерство и технологија- градежништво или друго инжeнерство и технологии- најмалку три години работно искуство во струката Општи работни компетенции- учење и развој;- комуникација;- остварување резултати;- работење со други/тимска работа;- стратешка свест;- ориентираност кон странките/засегнати страни;- финансиско управување. Посебни работни компетенции- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење; – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– работни денови понеделник-петок;
– работни часови неделно 40;
– работно време од 07:30-08:30 до 15:30-16:30;
– опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 31.596,00 денари.
4. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на одделение за месна самоуправа и подрачни одделенија, Сектор за правни и општи работи (1) извршител Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;- активно да го користи македонскиот јазик;- да е полнолетен;- да има општа здравствена способност за работното место;- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – правни науки, политички науки или организациони науки и управување (менаџмент) и јавна управа и администрација
– најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции
– учење и развој;- комуникација;- остварување резултати;- работење со други/тимска работа;- стратешка свест;- ориентираност кон странките/засегнати страни;- раководење;- финансиско управување.- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)- положен испит за административно управување
Распоред на работно време
– работни денови понеделник-петок;
– работни часови неделно 40;
– работно време од 07:30-08:30 до 15:30-16:30;
– опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот.
Паричен нето износ на плата: 35.086,00 денари
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Гази Баба кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани во Законот за административни службеници, Правилник за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Гази Баба бр. 08 – 5770/1 од 05.10.2022 година и Правилник за изменување и дополнување на Правилник за систематизација на работните места во општинската администрација на Општина Гази Баба бр. 08 – 569/1 од 31.01.2023 година, како и да ги исполнуваат и следниве услови:
– Да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување
– Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас
– Да поминал најмалку 2 (две) години на исто ниво,
– Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.
Линк од Оглас на Агенција за администрација
25.04.2023