
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Општина Гази Баба ги известува граѓаните дека на 20.10.2026 година (вторник), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ќе се изведуваат работи за приклучок на водоводна мрежа на детска градинка во н.м. Инџиково. За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улицата пред градинката ќе биде целосно во прекин.
На истата улица сообраќа автобусот со број 65Б и истиот ќе може да се движи само до црквата во н.м. Инџиково.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Општина Гази Баба