Известување за проширување на плански опфат во општ акт за с.Идризово
Врз основа на Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл.весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) се врши проширување на плански опфат во општ акт за с.Идризово – општина Гази Баба – Скопје.
Површината на градежниот реон дефиниран со претходната планска документација изнесува 59,23 ха. Направено е проширување на планскиот опфат со вкупна површина од 1,36 ха со основна намена В1 – Образование и наука, што изнесува 2.29% од опфатот на селото така што не се надминуваат дозволените 10% за проширување на опфатот на селото.
Вкупната површина на опфатот на ОА Идризово изнесува 60.59 ха.
Се известуваат сите засегнати граѓани дека можат да достават предлози, сугестии или приговори во рок од 15 работни денови, по кои одлучува комисија формирана од Градоначалникот на општина Гази Баба.
ПРИЛОГ
– Општ акт за с.Идризово, општина Гази Баба – Скопје со тех.бр. 0801-03/02-20од 02.2020 година, изработен од ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Битола;
– Предлог Одлука со бр.28-3/826 од 13.03.2020 година;