ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УВИД ВО БАРАЊЕ ИЗМЕНА НА А ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ЗА АЛКАЛОИД АД Скопје, Фармацевтска хемиска козметичка индустрија-Профитен Центар Фармација, Локација Автокоманда
Почитувани граѓани,
Согласно член 98 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 23/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15,129/15,192/15,39/16,99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за определување на активности на инсталации за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/05), Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Гази Баба достави комплетно Барање за измена на А интегрирана еколошка дозвола од АЛКАЛОИД АД Скопје, Фармацевтска хемиска козметичка индустрија-Профитен Центар Фармација, Локација Автокоманда – Скопје.
Барателот ја извршува дејноста за производство на лекови, преработка на билни суровини, на производство на козметички и на хемиски производи.
Со оглед на фактот дека оваа инсталација се наоѓа на локација на Општина Гази Баба на бул. “Александар Македонски” бр.12 доколку сте заинтересирани може да направите увид во поднесеното барање и да дадете Ваше мислење и забелешки до 11.04.2025 година.
Барањето е достапно во барака 2, Сектор за заштита на животната средина и природата секој работен ден од 8,30 до 15,00 часот или истото можете да го најдете на следниот линк:https://www.moepp.gov.mk/uslugi/iskz/dozvoli-resenija/alkaloid-skopje-farmacevtska-hemiska-kozmeticka-industrija-avtokomanda