Почитувани граѓани,
Согласно член 98 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 23/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15,129/15,192/15,39/16,99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за определување на активности на инсталации за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/05), Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Гази Баба достави комплетно барање за обнова на А интегрирана еколошка дозвола од ДПТУ МЕСЕР ВАРДАР ТЕХНОГАС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Барателот ја извршува дејноста за производство и складирање на технички гасови, полење на боци со гасови и дистрибуција до потрошувачите со капацитет на производство од 4.286,971 кг/година.
Со оглед на фактот дека оваа инсталација се наоѓа на локација на Општина Гази Баба во населено место Маџари на ул. Источна индустриска зона ББ доколку сте заинтересирани може да направите увид во поднесенеото барање и да дадете Ваше мислење и забелешки до 27.12.2024 година.
Барањето е достапно во барака 2, Сектор за заштита на животната средина и природата секој работен ден од 8,30 до 15,00 часот или истото можете да го најдете на следниот линк: