Почитувани граѓани,
Согласно член 98 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 23/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15,129/15,192/15,39/16,99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за определување на активности на инсталации за кои се издава интегрирана еколошка дозвола, односно дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на Република Македонија“ бр. 89/05), Министерството за животна средина и просторно планирање до Општина Гази Баба достави комплетно барање за обнова на А интегрирана еколошка дозвола од ДРУШТВО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ БАУЕР БГ ДОО СКОПЈЕ.
Барателот ја извршува дејноста за производство на неколку видови на топла и ладна асфалтна маса и производство на секаков тип и марка на бетон.
Со оглед на фактот дека оваа инсталација се наоѓа на локација на Општина Гази Баба на ул. “16та Македонска бригада” бр.18 (во кругот на Рудници и Железарница) доколку сте заинтересирани може да направите увид во поднесеното барање и да дадете Ваше мислење и забелешки до 17.04.2025 година.
Барањето е достапно во барака 2, Сектор за заштита на животната средина и природата секој работен ден од 8,30 до 15,00 часот.