Врз основа на направената финансиска анализа на досега пристигнатите барања од страна на граѓаните за добивање субвенција за купување високоефикасни инвертер клима уреди, констатирано е дека предвидените финансиски средства се исцрпени.
Согласно Глава 1 Опис на Јавниот повик, подточка 1.2 од Јавниот Повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување високоефикасни инвертер клима уреди за 2024 година (бр.30-771/1 од 08.02.2024 година), —–Јавниот повик се ЗАТВОРА и барањата за субвенционирање на граѓаните кои ќе пристигнат после ова Известување нема да се примаат.—–