– Јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за надоместување на дел од трошоците за чистење на оџаци за 2023 година бр.08-730/1 од 07.02.2023 година,
– Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за набавка на печки на пелети за 2023 година бр.30-4506/1 од 01.06.2023 година,
– Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за купување на електрични тротинети за 2023 година бр.30-2130/1 од 16.03.2023 година,
– Јавниот повик за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за граѓаните за 2023 година бр. 08/729/1 од 07.02.2023 година и
– Јавниот повик субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за купување на велосипеди за 2023 година бр. 30-2825/1 од 19.04.2023 година, заклучно со 30.11.2022 година,
–СЕ ЗАТВОРЕНИ– и барањата за субвенционирање на граѓаните кои ќе пристигнат после предвидениот рок односно од 01.12.2023 година –НЕМА– да бидат примени.