О П Ш Т И Н А Г А З И Б А Б А
Врз основа на точка 6 од Програмата на активности на Секторот за заштита на животната средина и природата на подрачјето на Општина Гази Баба за 2025 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.24/24) и Одлуката за субвенционирање на граѓаните на Општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домови (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.2/23 и бр.02/25), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домови
1.1. Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина со кој се соочува нашата општина е нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларните честички ПМ10 и ПМ2,5. Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени кон централното греење, пред се заради нецелосно и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, несоодветно складирање на дрвото, употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовното чистење и одржување на оџаците.
1.2. Мерката има цел да ги постигне следните краткорочни и некои подолгорочни ефекти:
– подобро согорување на огревното дрво,
– намалување на штетните отпадни гасови,
– намалување на саѓите,
– заштита од пожари,
– заштита на животна средина и природата, и
– подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата од чистење на оџаците.
1.3. Финансиските средства за надоместување на дел од трошоците направени за чистење на оџаци се во нето износ од 1.200,00 денари по домаќинство. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба.
1.4. Јавниот повик ќе трае од денот на објавување, вклучувајќи ги реализираните активности за чистење, заклучно со 30.11.2025 година, односно до искористување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба за 2025 година.
2.1. Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик односно кои го исчистиле оџакот на својот дом во период од објавата на Јавниот повик до 30.11.2025 година, односно до исцрпување на средствата наменети за оваа намена во Буџетот на Општина Гази Баба за 2025 година.
3.1. Барателот треба да ги исполни следниве услови:
4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да ја поднесе следната документација:
4.2. Само едно лице од домаќинство може да аплицира за добивање на субвенција за исчистен оџак.
4.3. Барателот своето барање за искористување на правото за надоместок, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик во архивата на Општината на адреса ул. Архимедова бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот. На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домови”
4.4. Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута) заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.1. За спроведување на Јавниот повик Градоначалникот формира Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за чистење на оџаци во своите домови за 2025 година.
5.2. Општина Гази Баба, во зависност од динамиката на пристигнување на барањата, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до 30.11.2025 година односно до нивно целосно искористување на својата веб страна www.gazibaba.gov.mk
5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до трошење на предвидениот буџет за оваа намена.
5.4. Кога ќе бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Општина Гази Баба ќе го објави завршувањето на Јавниот повик на својата веб страна.
6.1. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
6.2. Согласно Изборниот законик од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за Градоначалник и членови на советот, па до денот на објавување на конечност на резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија, нема да се врши исплата на решенијата од потточка 6.1.
6.3. Градоначалникот на Општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.
Во прилог Барање оџаци 2025