Денес градоначалникот Бобан Стефковски беше на терен во Автокоманда, каде што во тек се активности за уредување на јавните површини со поставување на нови павер елементи.
Просторот го менува својот лик! Создаваме уредени и функционални катчиња за одмор, дружење и рекреација на граѓаните.
Дополнително, изградивме и нови пристапни патеки со павер елементи, со што овозможуваме подобро и полесно движење.
Нашата цел е секое маало да биде почисто, поуредено и попријатно место за живеење.
Ги слушаме граѓаните и постапуваме по нивните барања, затоа што токму тие најдобро знаат што е потребно во нивното маало.
Го уредуваме јавниот простор.
Создаваме подобри услови за секојдневието на граѓаните.
Продолжуваме со работа на терен – за поубава Автокоманда и поубава Гази Баба!