Врз основа на член 46 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр. 32/2020) и Деловникот за работа на партиципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Гази Баба („Службен гласник на Општина Гази Баба“ бр. 01/2021), Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
За формирање на партиципативно тело
од областа на урбанизмот на Општина Гази Баба
– Предмет на јавниот оглас е формирање на партиципативно тело заради обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање.
– Партиципативното тело се состои од членови на комисијата за урбанизам на општината, што ги одредува градоначалникот и стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, а особено од лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот. Партиципативното тело се формира од доброволно пријавени лица по јавен оглас објавен на веб страната од единицата на локалната самоуправа и во писмена форма со излагање на огласот на јавно место во траење од 30 дена.
– Пријава на овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица и тоа:
– Партиципативното тело се формира од доброволно пријавени лица и учеството е на доброволна основа.
– Пријава за член на партиципативно тело за подрачјето на Општина Гази Баба (образец во прилог на повикот);
– Кратка биографија;
– Изјава за давање на согласност за заштита на лични податоци (образец во прилог на повикот);
– Изјава за прифаќање на условите од овој јавен оглас (образец во прилог на повикот); и
– Релевантен писмен доказ за исполнување на условите за учество од точка 2 на овој јавен оглас (фотокопија).
– Пријавите по јавниот оглас со комплетната документација можат да се поднесат преку пошта на адреса: Општина Гази Баба, ул. „Архимедова“ бр. 2, 1000 Скопје или лично во архиватана Општина Гази Баба, во рок од 30 дена од денов на објавувањето на јавниот оглас.
– На пријавата задолжително да се наведе: Пријава по јавен оглас за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Гази Баба.
– Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.
– Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината.
– Учеството на членовите на партиципативното тело согласно Законот за урбанистичко планирање е на доброволна основа и не следува надоместок за извршената работа.
– Начинот на работа и бројот на членови на партиципативното тело се уредуваат во деловникот на партиципативното тело што го донесува советот на единицата на локалната самоуправа, при што бројот на граѓански членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.
29.08.2023