Проектна пријава за финансиска поддршка
Пријава за финансиска поддршка
Градоначалникот на општина Гази Баба распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
За прибирање на барања за финансиска подршка
на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на
спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во Општина Гази Баба за 2019 година
Распределбата на средствата од Буџетот на општина Гази Баба за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во Општина Гази Баба за 2019 година, ќе се врши врз основа на овој Јавен оглас.
Основни критериуми за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба се:
(1) го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
(2) го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
(3) реализираат програма за развој на спортот;
(4) организираат и спроведуваат систем на натпревари во одредени спортови и категории;
(5) поддржуваат традиционални спортски натпревари и манифестации од општински, национален и меѓународен карактер;
(6) организираат и спроведуваат училишен и студентски систем на натпревари;
(7) организираат и спроведуваат систем на манифестации и форми на натпревари за лица со посебни потреби;
(8) организираат и спроведуваат систем на масовни спортско-рекреативни активности во Општина Гази Баба;
(9) се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот;
(10) поттикнуваат постигнување на врвни резултати;
(11) се грижат за унапредување на младите категори;
(12) учествуваат во национални спортски федерации, или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;
(13) се натпреваруваат од највисок ранг на домашни спортски првенства; (14) своите активности и програми ги реализираат на подрачјето на Општина Гази Баба;
(15) поддржуваат општински сојузи и сојузи на спортови на Општина Гази Баба; и
(16) да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.
(1) На јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба, чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на Општина Гази Баба.
(2) На Јавниот оглас може да учествуват и спортски здруженија и организатори на спортска манифестација чиешто регистрирано седиште не се наоѓа на подрачјето на Општина Гази Баба, но реализацијата на проектот е на подрачјето на Општина Гази Баба во соработка со спортски клубови, спортски здруженија и организатори на спортски манифестации чиешто регистрирано седиште се наоѓа на подрачјето на Општина Гази Баба.
(1) Спортските клубови, спортските здруженија, другите правни лица од областа на спортот и организаторите на спортски манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба кои учествуваат на Јавниот повик кон пријавата за финансиска поддршка треба да достават:
(1.1) Пријава за финансиска поддршка;
(1.2) Проектна пријава;
(1.3) Копија од тековна состојба од Централниот регистар, не постара од шест месеци, како доказ за регистрирана дејност;
(1.4) Назив, седиште и единствен даночен број;
(1.5) Потврда од надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од шест месеци, ако е трговско друштво;
(1.6) Статут;
(1.7) Решение за вршење на дејноста спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт;
(1.8) Годишна програма за работа;
(1.9) Програма и Финансиски план за реализација на спортската манифестација или приредба (за организаторите на спортска манифестација);
(1.10) Финансиски извештај за добиените средства од Општина Гази Баба во изминатата фискална година и начинот на нивната наменска реализација со копии од соодветни финансиски документи;
(1.11) Опис за историјата и значењето на спортската манифестација (за организаторите на спортска манифестација);
(1.12) Информација со податоци: (а) начинот на финансирање во последните три години; (б) степенот на натпреварување и евентуално учество на национални и меѓународни натпревари, доколку подносителот на пријавата учествува во натпреварувачки лиги организирани од соодветна спортска федерација; (в) спортските успеси во последните три години; и (г) спортските сали (терени) каде се извршувале тренинзите и натпреварувањата во последните три години;
(1.13) Телефон за контакт и е-маил адреса; и
(1.14) Банка и број на банкарска сметка.
(2) Спортистите (индивидуалци) во сениорските категории кои учествуваат на Јавниот повик кон пријавата за финансиска поддршка треба да достават:
(2.1) Пријава за финансиска поддршка;
(2.2) Проектна пријава;
(2.3) Име и презиме, адреса и матичен број;
(2.4) Копија од лична карта или патна исправа, како доказ за идентификација;
(2.5) Потврда за поддршка од соодветна спортска федерација или сојуз (за спортисти сениори);
(2.6) Програма за реализација на проектот;
(2.7) Финансиски извештај за добиените средства од Општина Гази Баба во изминатата фискална година и начинот на нивната наменска реализација со копии од соодветни финансиски документи;
(2.8) Информација со податоци: (а) начинот на финансирање во последните три години; (б) степенот на натпреварување и евентуално учество на национални и меѓународни натпревари, доколку подносителот на пријавата учествува во натпреварувачки лиги организирани од соодветна спортска федерација; (в) спортските успеси во последните три години; и (г) спортските сали (терени) каде се извршувале тренинзите и натпреварувањата во последните три години;
(2.9) Телефон за контакт и е-маил адреса; и
(2.10) Банка и трансакциска сметка.
Нема да бидат разгледани пријавите: доставени по истекот на рокот на Огласот, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложените документи кои задолжително се бараат.
Пријавата за финансиска поддршка и Проектната пријава објавени се на веб-страницата на општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.
Пријавите треба да се достават до општина Гази Баба преку пошта на адреса; Општина Гази Баба, Булевар “Архимедова“ број 2, Скопје, или да се остават во писарницата на Општина Гази Баба од 08.00 часот заклучно со 16.00 часот последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 15 септември 2018 година и трае 30 дена, заклучно со 15 октомври 2018 година, а се објавува во едно од дневните гласила и на веб-страницата на Општина Гази Баба.
Здруженијата на граѓани и фондации кои учествувале на Конкурсот ќе бидат известени за резултатите од изборот на проектите по објавуавњето на Програмата за распределба на средствата во “Службен гласник на општина Гази Баба“ и на веб-страницата на општина Гази Баба.
Комисијата ги известува сите подносители на пријави за Одлуката за избор на спортските клубови, спортските здруженија, спортистите, другите правни лица од областа на спортот и спортските манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба на кои им се дава финансиска поддршка со висина на одобрените средства, во рок од пет дена од денот на донесувањето на Одлуката за избор на корисници на финансиска поддршка од Општина Гази Баба.
Подносителите чие барање е отфрлено се известуваат и за причините на отфрлањето.
Против одлуката на Комисијата, незадоволниот барател може да поднесе писмен приговор во рок од пет дена по приемот на известувањето.
Приговорот се поднесува до Комисијата, а по истиот одлучува Градоначалникот на Општина Гази Баба, во рок од пет дена од приемот на писмениот приговор.
Одлуката на Градоначалникот на Општина Гази Баба е конечна.
По конечноста на Одлуката, Општина Гази Баба и избраните корисници склучуваат Договор за меѓусебните права, обврски и одговорности.
Договорот во име на Општина Гази Баба го склучува Градоначалникот на Општина Гази Баба.
Секој спортски клуб, спортско здружение, спортист, друго правно лице од областа на спортот и спортска манифестација што се одржува во Општина Гази Баба коешто добило средства од Буџетот на Општина Гази Баба, должно е да достави Финансиски извештај за добиените средства од Општина Гази Баба во изминатата фискална година ки начинот на нивната наменска реализација со копии од соодветни финансиски документи до Градоначалникот на Општина Гази Баба на образец објавен на веб-страницата на Општина Гази Баба, најдоцна до крајот на календарската година.