ЈАВЕН ОГЛАС
за прибирање на барања за финансиска поддршка
на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица
од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат
во Општина Гази Баба за 2024 година
Распределбата на средствата од Буџетот на Oпштина Гази Баба за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации кои се одржуваат во Општина Гази Баба за 2024 година, ќе се врши врз основа на овој Јавен оглас.
Основни критериуми за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба се:
(1) го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
(2) го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
(3) реализираат програма за развој на спортот;
(4) организираат и спроведуваат систем на натпревари во одредени спортови и категории;
(5) поддржуваат традиционални спортски натпревари и манифестации од општински, национален и меѓународен карактер;
(6) организираат и спроведуваат училишен и студентски систем на натпревари;
(7) организираат и спроведуваат систем на манифестации и форми на натпревари за лица со посебни потреби;
(8) организираат и спроведуваат систем на масовни спортско-рекреативни активности во Општина Гази Баба;
(9) се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот;
(10) поттикнуваат постигнување на врвни резултати;
(11) се грижат за унапредување на младите категори;
(12) учествуваат во национални спортски федерации, или настапуваат на натпревари од национален и меѓународен карактер;
(13) се натпреваруваат од највисок ранг на домашни спортски првенства;
(14) своите активности и програми ги реализираат на подрачјето на Општина Гази Баба;
(15) поддржуваат општински сојузи и сојузи на спортови на Општина Гази Баба;
(16) да не вршат политичко и верско организирање и дејствување; и
(17) Поттикнува развој на женскиот спорт во Општина Гази Баба.
Посебни критериуми за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба се:
(1) Спортски клубови:
– Ранг на натпреварување во матична федерација
– Значење на спортот
– Масовност на спортот
(2) Спортски манифестации
– Традиција на одржување на манифестацијата
– Масовност по број на учесници
– Значење на манифестацијата за општината
(3) Индивидуални спортисти
– Меѓународен спортски успех: Олимписки игри, Европско првенство, Светско првенство, Спортска манифестација со меѓународно значење
– Претходни меѓународни успеси од значење за општината.
2. Учество
(1) На јавниот оглас може да учествуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски категории, други правни лица од областа на спортот и организатори на спортски манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба, чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Гази Баба или имаат огранок на подрачјето на Општина Гази Баба.
(2) На Јавниот оглас може да учествуват и спортски здруженија и организатори на спортска манифестација чиешто регистрирано седиште не се наоѓа на подрачјето на Општина Гази Баба, но реализацијата на проектот е на подрачјето на Општина Гази Баба во соработка со спортски клубови, спортски здруженија и организатори на спортски манифестации чиешто регистрирано седиште се наоѓа на подрачјето на Општина Гази Баба.
3. Потребна документација
(1) Спортските клубови, спортските здруженија, другите правни лица од областа на спортот и организаторите на спортски манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба кои учествуваат на Јавниот повик кон пријавата за финансиска поддршка треба да достават:
(1.1) Пријава за финансиска поддршка;
(1.2) Проектна пријава;
(1.3) Копија од тековна состојба од Централниот регистар, не постара од шест месеци, како доказ за регистрирана дејност (активен);
(1.4) Потврда од надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од шест месеци, ако е трговско друштво;
(1.5) Решение за вршење на дејноста спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт;
(1.6) Финансиски извештај за добиените средства од Општина Гази Баба во изминатата фискална година и начинот на нивната наменска реализација со копии од соодветни финансиски документи;
(1.7) Телефон за контакт и е-маил адреса; и
(1.8) Банка и број на банкарска сметка.
(2) Спортистите (индивидуалци) кои учествуваат на Јавниот повик кон пријавата за финансиска поддршка треба да достават:
(2.1) Пријава за финансиска поддршка;
(2.2) Проектна пријава;
(2.3) Копија од лична карта или патна исправа, како доказ за идентификација;
(2.4) Потврда за поддршка од соодветна спортска федерација или сојуз (за спортисти сениори);
(2.5) Финансиски извештај за добиените средства од Општина Гази Баба во изминатата фискална година и начинот на нивната наменска реализација со копии од соодветни финансиски документи;
(2.6) Телефон за контакт и е-маил адреса; и
(2.7) Банка и трансакциска сметка.
Нема да бидат разгледани пријавите: доставени по истекот на рокот на Огласот, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетни пријави без приложените документи кои задолжително се бараат. Документите доставени со пријавите не се враќаат.
Пријавата за финансиска поддршка и Проектната пријава објавени се на веб-страницата на општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.
4. Рок и начин за пријавување
Пријавите треба да се достават до општина Гази Баба преку пошта на адреса – Општина Гази Баба, Булевар “Архимедова“ број 2, Скопје, или да се остават во писарницата на Општина Гази Баба од 08.00 часот заклучно со 16.00 часот последниот ден од Јавниот оглас.
На пликот се става ознака “Не отворај“ и “Пријава за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, спортисти, други правни лица од областа на спортот и спортски манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба“. Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува подносителот.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 1 февруари 2024 година и трае 15 дена, заклучно со 15 февруари 2024 година, а се објавува на веб-страницата на Општина Гази Баба.
Комисијата пристигнатите пријави ги разгледува во рок од 30 дена по завршувањето на Јавниот оглас.
Спортските клубови, спортските здруженија, другите правни лица од областа на спортот и организаторите на спортски манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба, како и спортистите кои учествувале на Јавниот повик ќе бидат известени за изборот на проектите на веб-страницата на општина Гази Баба.
Комисијата ги известува сите подносители на пријави со Одлуката за избор на спортските клубови, спортските здруженија, спортистите, другите правни лица од областа на спортот и спортските манифестации што се одржуваат во Општина Гази Баба на кои им се дава финансиска поддршка со висина на одобрените средства, во рок од пет дена од денот на донесувањето на Одлуката за избор на корисници на финансиска поддршка од Општина Гази Баба, јавно објавена на веб-страницата на Општина Гази Баба.
Против одлуката на Комисијата, незадоволниот барател може да поднесе писмен приговор во рок од пет дена по јавното објавување на Одлуката на веб-страницата на Општина Гази Баба.
Приговорот се поднесува до Комисијата, а по истиот одлучува Градоначалникот на Општина Гази Баба, во рок од пет дена од приемот на писмениот приговор.
Одлуката на Градоначалникот на Општина Гази Баба е конечна.
По конечноста на Одлуката, Општина Гази Баба и избраните корисници склучуваат Договор за меѓусебните права, обврски и одговорности.
Договорот во име на Општина Гази Баба го склучува Градоначалникот на Општина Гази Баба.
5. Извештај за добиените средства
Секој спортски клуб, спортско здружение, спортист, друго правно лице од областа на спортот и спортска манифестација што се одржува во Општина Гази Баба што добило средства од Буџетот на Општина Гази Баба, должно е да достави Финансиски извештај за добиените средства од Општина Гази Баба во изминатата фискална година за начинот на нивната наменска реализација со копии од соодветни финансиски документи до Градоначалникот на Општина Гази Баба на образец објавен на веб-страницата на Општина Гази Баба, најдоцна до следниот јавен повик.
Во прилог на линкот може да ги превземете следните документи за апликација Пријава за спортски здруженија, Проектна пријава на спортски здруженија и Пријава за финансиски извештај