ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Градоначалникот на општина Гази Баба распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации
Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година, од програмата ЕЛ, потставка 463110-Трансфери до здруженија и фондации, наменети за финансирање на програмски активности на здруженијата и фондациите ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој јавен повик.
1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани
Средствата од Буџетот на Општина Гази Баба ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации. Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што можат да се имплементираат во Општина Гази Баба во следните приоритетни области: граѓанско општество и демократизација, човекови права, еднакви можности, здравство, образование, предучилишно воспитание, социјално-хуманитарна работа, информации, спорт, млади, образование, екологија и меѓународна соработка.
2. Предвидени средства
За финансирање на понудените програмски активности во согласност со овој јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година.
3. Доставување извештај
Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства, по завршувањето на проектот, должни се да достават извештај за користење на средствата до градоначалникот на Општина Гази Баба.
4. Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми што треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој јавен повик се:
– Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации на подрачјето на Град Скопје, а проектните активности да ги вршат во Општина Гази Баба,и
– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес.
5. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации
Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:
1. Пријава за финансиска поддршка,
2. Проектна пријава,
3. Решение за тековна состојба од Централниот регистар, и
4. Извештај за добиените средства од Општина Гази Баба во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација, доколку биле корисници на такви средства.Пријавата за финансиска поддршка и Проектната пријава се објавуваат на веб-страницата на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.
Напомена: Нема да бидат разгледани пријавите доставени по рокот на Јавниов повик, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и некомплетните пријави без приложените документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на овој Јавен оглас не се враќаат.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 7 февруари 2022 година и трае 15 дена, заклучно со 22 февруари 2023 година, а се објавува на веб-страницата на Општина Гази Баба.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса:
Општина Гази Баба
Ул. Архимедова бр.2, 1000 Скопје
Или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот, секој работен ден.
Здруженијата и фондациите учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите преку објавувањето на одлуката за распределба на средствата на веб страната на Општина Гази Баба.
07.02.2023