ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување интерес за реализација на заедничка
активност- набавка и поделба на новогодишни пакетчиња и
пакети со храна и хигиенски средства за социјално загрозени
семејства од
Општина Гази Баба
До сите Здруженија на граѓани регистрирани на територијата на Општина Гази Баба, заедно со општината да реализираат социјално хуманитарна активност за ранливите социјални семејства кои живеат во Општина Гази Баба.
За реализација на активноста општината ќе обезбеди финансиски средства, а здружението потребно е да обезбеди превоз и дистрибуција на социјално-хуманитарната помош со ангажирање на волонтери.
Заинтересираните субјекти потребно е да достават:
1. Пријава
2. Статут и решение за регистрација на здружението
Пријавата и бараната документација да се достават во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на web-страната на општината, на ул.„Архимедова“ бр. 2 Скопје, во Архивата на Општина Гази Баба.
Напомена: Пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ГРАДОНАЧАЛНИК , М-р Бобан Стефковски
19.11.2021