ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Врз основа на Законот за здруженија и фондации (“Службен весник
на Република Македонија“ брoj 52/2010) и Програма за изменување и дополнување на програмата за јавни дејности на општина Гази Баба за 2023 година, Општина Гази Баба-Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање консултант/и за Изработка, анализа и презенатација на Социјален план за Општина Гази Баба
со рок за пријавување 15.09-20.09.2023 година
За реализација на активноста, Општината обезбеди финансиски средства, предвидени во Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година од Програма за изменување и дополнување на програмата за основно образовнаие на општина Гази Баба за 2023 година во износ од 300.000,00 денари.
Општина Гази Баба во текот на следниот период согласно годишната програма ќе пристапи кон изработка, анализа и презентација на социјален план. Социјалниот план треба да претставува систем на интегрирани и пристапни услуги за поддршка на граѓаните на локално ниво, со визија да овозможи унапредување на инклузивната еднаквост во општината. Исто така непосредно да ги унапреди еднаквите можности и да промовира развој и усвојување на вредности и практики во насока на квалитетен и достоинствен живот на граѓаните во општината.
Социјалниот план ќе укаже на главните предизвици во превенцијата, идентификацијата, надминување на предизвиците на локално ниво во поглед на креирање на услуги за инклузивна еднакавост и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните во општина Гази Баба.
Задачи и обврски
Конуслтантот/ите ќе има/ат задача да:
Потребни квалификации и компентаенции на апликантот/тите:
Потребна документација што правниот субјект треба да ја достави:
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Рок и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е од 15.09-20.09.2023 година. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Општина Гази Баба.
Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:
Општина Гази Баба
Улица “Архимедова“ број 2, 1000 Скопје
Или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот.
Напомена: Некомплетните и пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.