Врз основа на Програмата за изменување на Програмата за социјална заштита на Општина Гази Баба за 2022 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ број 11/2022), Правилникот за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување на парична помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ број 12/2022) и Одлуката на советот на Општина Гази Баба со број 09-6229/11 од 28 октомври 2022 година (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ број 11/2022), Oпштина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК(завршен)
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ ГРАЃАНИ ПОГОДЕНИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА И ФИНАНСИСКАТА КРИЗА
Паричната помош за социјално загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза ќе се исплатува како месечен надомест за месеците ноември и декември 2022 година.
НАПОМЕНА: ЈАВНИОТ ПОВИК Е ОБЈАВЕН НА 07 НОЕМВРИ 2022 ГОДИНА, НО ПОРАДИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ, ЌЕ ТРАЕ ЗАКЛУЧНО СО 30 НОЕМВРИ 2022 година.
Во прилог подолу може да го погледнете целиот јавен повик и потребната документација:
Изјава за давање лични податоци
07.11.2022