Врз основа на членот 14 став 1 од Правилникот за доделување стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби од општина Гази Баба (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ број 15/2023), Комисијата за доделување стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти од Општина Гази Баба, на 07 октомври 2024 година, распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби од општина Гази Баба за учебната 2024/2025 година
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
(1) Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно без пресметан персонален данок. Персоналниот данок на стипендијата го пресметува и плаќа општина Гази Баба.
(2) Стипендијата се исплаќа од први до петти во текот на месецот за претходниот месец, девет месеци непрекинато во текот на учебната година, почнувајќи од месец октомври од тековната календарска година заклучно со месец јуни од наредната календарска година.
(3) Во учебната 2024/2025 година Општина Гази Баба доделува 25 стипендии на талентирани ученици, 25 стипендии на ученици спортисти и 5 стипендии за ученици со посебни образовни потреби.
1. II. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИИ
(1) Право на стипендија може да остварат и повеќе ученици од едно семејство, доколку ги исполнуваат условите и критериумите утврдени со Правилникот.
(2) Доколку талентираниот ученик или ученикот спортист добие стипендија како талентиран ученик, ученик спортист и ученици со посебни образовни потреби, не може да добие финансиски средства од други јавни повици за стипендии за талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби на општина Гази Баба.
(3) Право на доделување стипендија на талентиран ученик, ученик спортист и ученици со посебни образовни потреби има секој редовен ученик кој ги исполнува следниве услови:
(3.1) да е запишан во општинско основно училиште на подрачјето на општина Гази Баба,
(3.2) да не прима друг кредит или стипендија од општина Гази Баба или од друг давател, и
(3.3) да има континуирано одличен успех.
(4) Право на доделување стипендија на ученик спортист, покрај условите од потточките (3.1) и (3.2) на овој член, треба да ги исполнува и следните дополнителни услови:
(4.1) да е член на здружение за спорт или индивидуален спортист, и
(4.2) да се бави активно со спорт.
(5) Со барањето за стипендија, талентираните ученици и учениците спортисти ги приложуваат следните документи:
(5.1) оригинал или копија од уверение за упис на тековната учебна година како редовен ученик (оригинал и копија од сведителства),
(5.2) за сите полнолетни членови на семејството на ученикот да се достави потврда за висината на последната плата за вработените, за пензионерите последен чек од пензија, а за невработените лица потврда за невработенест од завод за вработување,
(5.3) нотарски заверена изјава за бројот на членовите на семејството и дека подносителот на барањето не прима стипендија или кредит од општина Гази Баба или од друг давател.
(6) Со барањето за стипендија, учениците спортисти ги приложуваат и следните документи:
(6.1) оригинал или копија од тековна состојба на здружението за спорт издадена од Центраlниот регистар во кој членува односно спортува, и
(6.2) потврда дека ученикот спортист членува во здружението за спорт.
(7) Право на доделување стипендија на ученици со посебни образовни потреби, покрај условите од потточките (3.1) и (3.2) на овој член, треба да ги исполнува и следните дополнителни услови:
(7.1) наод и мислење од Меѓународна класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ);
(7.2) потврда (предлог) од училишен инклузивен тим за ученикот кој аплицира;
(7.3) освоени награди, признанија или пофалници од учество на натпревари и манифестации;
III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
(1) Конкурсот трае 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Гази Баба.
(2) Општина Гази Баба доделува стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби по барање на еден од родителите или старателите.
(3) Барањата за стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби се поднесуваат во архивата на општина Гази Баба секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
(4) Барањата за стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби се поднесуваат во затворен плик со назнака “Барање за стипендија за талентиран ученик” или “Барање за стипендија за ученик спортист“ или “Барање за стипендија на ученици со посебни образовни потреби“, на кој пишува “Не отворај”.
(5) Непотполни и неблаговремено пријави нема да се земаат во обзир.
1. IV. НАЧИН НА ОДЛУЧУВАЊЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР
НА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И УЧЕНИЦИ СПОРТИСТИ
(1) Комисијата пристигнатите барања ги разгледува во рок од 5 (пет) дена по завршувањето на Јавниот повик.
(2) Некомплетните и ненавремено доставени барања, Комисијата нема да ги разгледува и за тоа ги известува барателите.
(3) Во случај на ист број на бодови предност има ученикот кој имал освоено повеќе бодови од успехот (просек на оцените до втора децимала).
(4) Комисијата го задржува правото доколку има повеќе подносители на барање со ист број бодови, да побара и дополнителна документација.
(5) Комисијата во рок од 3 (три) дена по завршувањето на постапката за избор на стипендисти Одлуката ја објавува на веб-страницата на општина Гази Баба.
(6) Против одлуката на Комисијата, незадоволниот барател може да поднесе писмена жалба до градоначалникот на општина Гази Баба преку Комисијата во архивата на општина Гази Баба во рок од 5 (пет) дена од објавата на Одлуката на веб-страницата на општина Гази Баба.
(7) По жалба решава градоначалникот. Неговата одлука е конечна.
(8) По конечноста на сите жалбени постапки, Одлуката за доделување стипендии за талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби, ја потпишува градоначалникот на општина Гази Баба и се објавува на веб-страницата на општина Гази Баба.
(9) Во рок од 5 (пет) дена по објавата на Одлуката за доделување стипендии за талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби на веб-страницата на општина Гази Баба, градоначалникот на општина Гази Баба склучува договор за стипендирање, со еден од родителите или старателите на талентираниот ученик, ученикот спортист и ученици со посебни образовни потреби со кој се уредуваат правата и обврските на родителот односно старателот на стипендистот и општина Гази Баба