Врз основа на членот 14 став 1 од Правилникот за доделување стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби од општина Гази Баба (“Службен гласник на Општина Гази Баба“ број 9/2022), Комисијата за доделување стипендии на ученици со посебни образовни потреби од Општина Гази Баба, на 22 номеври 2023 година, распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за доделување стипендии на ученици со посебни образовни потреби од Општина Гази Баба за учебната 2023/2024 година
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
(1) Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно без пресметан персонален данок. Персоналниот данок на стипендијата го пресметува и плаќа општина Гази Баба.
(2) Стипендијата се исплаќа од први до петти во текот на месецот за претходниот месец, седум месеци непрекинато во текот на учебната година, почнувајќи од месец декември од тековната календарска година заклучно со месец јуни од наредната календарска година.
(3) Во учебната 2023/2024 година Општина Гази Баба доделува 5 стипендии за ученици со посебни образовни потреби.
II. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИИ
(1) Право на стипендија може да остварат и повеќе ученици од едно семејство, доколку ги исполнуваат условите и критериумите утврдени со Правилникот.
(2) Доколку ученикот со посебни образовни потреби добие стипендија како, истиот не може да добие финансиски средства од други јавни повици за стипендии за ученици со посебни образовни потреби на општина Гази Баба.
(3) Право на доделување стипендија на ученици со посебни образовни потреби има секој редовен ученик кој ги исполнува следниве услови:
(3.1) да е запишан во општинско основно училиште на подрачјето на општина Гази Баба,
(3.2) да не прима друг кредит или стипендија од општина Гази Баба или од друг давател,
(3.3) наод и мислење од Меѓународна класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ);
(3.4) потврда (предлог) од училишен инклузивен тим за ученикот кој аплицира;
(3.5) освоени награди, признанија или пофалници од учество на натпревари и манифестации;
(4) Со барањето за стипендија се приложуваат следните документи:
(4.1) оригинал или копија од уверение за упис на тековната учебна година како редовен ученик;
(4.2) нотарски заверена изјава дека подносителот на барањето не прима стипендија или кредит од општина Гази Баба или од друг давател;
(4.3) оргинал или копија од наод и миселење од Меѓународна класификација на функционирање, попреченост и здравје;
(4.4) потврда (предлог) од училишен инклузивен тим за неговиот напредок и покажна активност во образовниот процес;
(4.5) оргинал или копија од освени награди, признианија или пофалници од учество на натпревари и манифестации;
III. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
(1) Конкурсот трае 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Гази Баба.
(2) Општина Гази Баба доделува стипендии ученици со посебни образовни потреби по барање на еден од родителите или старателите.
(3) Барањата за стипендии на ученици со посебни образовни потреби се поднесуваат во архивата на општина Гази Баба секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
(4) Барањата за ученици со посебни образовни потреби се поднесуваат во затворен плик со назнака “Барање за стипендија за ученици со посебни образовни потреби”, на кој пишува “Не отворај”.
(5) Непотполни и неблаговремено пријави нема да се земаат во обзир.
IV. НАЧИН НА ОДЛУЧУВАЊЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР
НА УЧЕНИЦИ СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ
(1) Комисијата пристигнатите барања ги разгледува во рок од 3 (три) дена по завршувањето на Јавниот повик.
(2) Некомплетните и ненавремено доставени барања, Комисијата нема да ги разгледува и за тоа ги известува барателите.
(3) Во случај на ист број на бодови предност има ученикот кој имал освоено повеќе бодови од освоени награди, признанија или пофалници.
(4) Комисијата го задржува правото доколку има повеќе подносители на барање со ист број бодови, да побара и дополнителна документација.
(5) Комисијата во рок од 1 (еден) ден по завршувањето на постапката за избор на стипендисти Одлуката ја објавува на веб-страницата на општина Гази Баба.
(6) Против одлуката на Комисијата, незадоволниот барател може да поднесе писмена жалба до градоначалникот на општина Гази Баба преку Комисијата во архивата на општина Гази Баба во рок од 3 (три) дена од објавата на Одлуката на веб-страницата на општина Гази Баба.
(7) По жалба решава градоначалникот. Неговата одлука е конечна.
(8) По конечноста на сите жалбени постапки, Одлуката за доделување стипендии за ученици со посебни образовни потреби, ја потпишува градоначалникот на општина Гази Баба и се објавува на веб-страницата на општина Гази Баба.
(9) Во рок од 3 (три) дена по објавата на Одлуката за доделување стипендии за ученици со посебни образовни потреби на веб-страницата на општина Гази Баба, градоначалникот на општина Гази Баба склучува договор за стипендирање, со еден од родителите или старателите на ученикот со посебни образовни потреби со кој се уредуваат правата и обврските на родителот односно старателот на стипендистот и општина Гази Баба.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА