Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови од член 7 став 1 точка 2 алинеа 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (“Сл.весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16). Иницијативите можат да се достават во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма. Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план, со дефинирани граници на опфат согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање(“Сл.весник на Р.М.” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16). Изработката на урбанистичките планови може да биде финансирана од страна на подносителот на иницијативата. Јавниот повик ќе трае од 15.03.2018 година до
15.04.2018 година.
Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=648
09.03.2018