Согласно Член 22 став 1 точка 3 и член 62 став 1 од Закон за локална самоуправа, а во согласност со Програмата за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2025 година, градоначалникот на Општина Гази Баба објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за организација на манифестација за храна, угостителство, туризам и култура за 2025 година
Јавниот повик се објавува за реализација на следниот проект:
„Вкусовите на Гази Баба“
Право на учество имаат сите здруженија на граѓани, социјални установи, трговски друштва и маркетинг агенции.
Во рамките на овој јавен повик, финансиски ќе бидат поддржани манифестации кои ќе придонесат за развој во следните области:
Развој и промоција на туризмот, угостителството и гастрономијата од интерес на Општина Гази Баба;
Поттикнување на туристичкиот раст и промоција на Општина Гази Баба како атрактивна дестинација;
Развој и промоција на туризмот во Општина Гази Баба преку организација на манифестации и настани со разновидна содржина и богата културно-музичка програма.
Согласно член 22 став 1 точка 3 и член 62 став 1 од Законот за локална самоуправа, а во согласност со Програмата за јавни дејности на Општина Гази Баба за 2025 година, градоначалникот на Општина Гази Баба објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за организација на манифестација за храна, угостителство, туризам и култура за 2025 година
Јавниот повик се објавува за реализација на следниот проект: „Вкусовите на Гази Баба“
Право на учество на јавниот повик имаат сите здруженија на граѓани, социјални установи, трговски друштва и маркетинг агенции.
Во рамките на овој јавен повик, финансиски ќе бидат поддржани манифестации кои ќе придонесат за развој во следните области:
Развој и промоција на туризмот, угостителството и гастрономијата од интерес на Општина Гази Баба;
Поттикнување на туристичкиот раст и промоција на Општина Гази Баба како атрактивна дестинација;
Развој и промоција на туризмот во Општина Гази Баба преку организација на манифестации и настани со разновидна содржина богата со квалитетна музичка програма.
Средствата се обезбедуваат за 2025 година. Користењето на доделените средства ќе биде регулирано согласно потпишан договор со Општина Гази Баба.
Основни организациски критериуми што треба да ги исполнуваат заинтересираните апликанти кои учествуваат на овој повик се:
Да се регистрирани во Централниот регистар со седиште во Скопје.
Проценката на квалитетот на проектите на заинтересираните апликанти кои ги исполнуваат основните организациски критериуми ќе се врши врз основа на критериуми, доставени со пријавата.
Изборот на најдобрите предложени проекти ќе го изврши Комисија формирана од градоначалникот на Општина Гази Баба.
За целиот документ притиснете го линкот: