Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” број 05/02), а согласно Програмата за локален економски развој за 2023 година („Службен гласник на Општина Гази Баба” број 14/22), и Правилникот за финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик на подрачјето на општина Гази Баба („Службен Гласник на Општина Гази Баба“ бр.04/23),, Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик на подрачјето на општина Гази Баба
- Предмет на јавниот повик:
- Користење на финансиските средства утврдени во Буџетот на Општина Гази Баба, со намена за надоместување на дел од трошоците направени за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик на подрачјето на општина Гази Баба.
- Финансиските средства се обезбедени од Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година, Програма за локален економски развој, во износ од 2.500.000,00 денари.
- Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на заедниците на сопственици на посебни делови и управителите на станбените згради искористени за реконструкција на кров на станбени згради, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 700 000,00 денари.
- Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на индивидуални куќи во социјален ризик искористени за реконструкција на кров на индивидуална куќа, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 200.000,00 денари
- Право на учество на јавниот повик имаат:
- Заедниците на сопственици на посебни делови односно управителите на станбените згради и сопственици на индивидуални куќи во социјален ризик на подрачјето на Општина Гази Баба, кои ги исполнуваат условите и ја доставиле потребната документација.
- Критериуми и услови за учество:
- Станбените згради за колективно домување и индивидуалните куќи да бидат постари од 20 години;
- Заедницата на сопственици на посебните делови или управител на станбената зграда треба да имаат донесено Одлука за согласност за реконструкција на кров, со достава на список со своерачни потписи од минимум 50% + 1 од сопствениците на посебните делови;
- Сопствениците на индивидуалната куќа во социјален ризик треба да имаат донесено Изјава за согласност за реконструкција на кров на индивидуалната куќа;
- Заедницата на сопственици на посебните делови или управител на станбената зграда, треба да имаат донесено Одлука за кофинасирање со сопствени средства за делот од вкупниот износ за реконструкција на кровот на станбената зграда, со достава на список со своерачни потписи од минимум 50% + 1 од сопствениците на посебните делови;
- Сопствениците на индивидуалната куќа во социјален ризик треба да имаат донесено Изјава за кофинасирање со сопствени средства за делот од вкупниот износ за реконструкција на кровот на индивидуалната куќа;
- Имотен лист со кој се докажува сопственоста;
- Комисијата ќе работи согласно принципот „прв дојден прв услужен“;
- Потребна документација за пријавување за реконструкција на кров на станбена зграда:
- Пополнета апликација – Образец, потпишана од претседателот на заедница на сопственици или управител;
- Листа со потписи на сопственици на станбени единици за учество во проектот;
- Решение од Централен Регистар за Заедница на сопственици или Управителот, не постара од 2 месеци;
- Годишен финансиски извештај за 2022 година;
- Изјава за старост на колективниот станбен објект, дадена и потпишана од овластено лице за застапување;
- Одлука за согласност за реконструкција на кров на зграда донесена од заедница на сопственици на посебни делови на станбената зграда;
- Одлука за кофинансирање со сопствени средства за дел од вкупните средства за реконструкција на кров на станбена зграда, донесена од сопствениците на посебни делови на станбената зграда;
- Имотни листови не постари од 2 месеци на сите сопственици на станови во зградата кои дале согласност;
- Потврда од општината за евиденција во регистарот на станбени згради;
- Проектна документација (доколку е изработена при аплицирање) Доколку не е изработена, да се достави најдоцна 30 дена по крајниот рок за аплицирање;
- Понуди од три економски оператори за реконструкција на кровот (доколку се има проектна документација при аплицирање). Доколку се нема, да се достави најдоцна 30 дена по крајниот рок за аплицирање;
- Копија од жиро сметката на заедницата на сопственици односно копија од жиро сметката што ја отворил управителот за потребите на станбената зграда;
- Договор за управувачки услуги (доколку работите на управување со станбената зграда се доверени на управител);
- Изјава заверена на нотар од подносителот на барањето (претседателот на заедницата на сопственици на посебни делови односно управителот на станбената зграда) дека нема користено финансиски средства за било која намена од Буџетот на општина Гази Баба во периодот пред објава на Јавниот Повик;
- Потребна документација за пријавување за реконструкција на кров на индивидуална куќа во социјален ризик:
- Пополнета апликација – Образец, потпишана од сопственик на куќа на индивидуално домаќинство во социјален ризик;
- Фотокопија на лична карта од сопственикот на куќата;
- Изјава за старост на индивидуалната куќа потпишана од сопственикот на куќата;
- Изјава за согласност за реконструкција на кров на куќа од сопственикот на куќата;
- Изјава за кофинансирање со сопствени средства за дел од вкупните средства за реконструкција на кров на куќа од сопственикот на куќата;
- Имотен лист не постар од 2 месеци за сопственоста на индивидуалната куќа;
- Проектна документација (доколку е изработена при аплицирање) Доколку не е изработена, да се достави најдоцна 30 дена по крајниот рок за аплицирање;
- Понуди од три економски оператори за реконструкција на кровот (доколку се има проектна документација при аплицирање). Доколку се нема, да се достави најдоцна 30 дена по крајниот рок за аплицирање;
- Копија од Трансакциска сметка на сопственикот на куќа;
- Потврда од Центар за социјални работи – подрачна единица Гази Баба за примање на социјална помош од сопственикот на индивидуалната куќа;
- Изјава заверена на нотар од подносителот на барањето (сопственик на куќа на индивидуално домаќинство во социјачен ризик) дека нема користено финансиски средства за било која намена од Буџетот на општина Гази Баба во периодот пред објава на Јавниот Повик;
- Рок и начин на доставување на пријавите:
Апликацијата со другите пропратни документи (Правилник, Јавен Повик, Апликација, Изјава, Согласност на станари) за проектот „Финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик на подрачјето на општина Гази Баба “ може да се подигне во Архивата на Општина Гази Баба или на официјалната веб страница на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk);
Јавниот повик ќе трае до 15 Октомври, 2023 година, односно до реализирање на финансиските средства предвидени во Буџетот на општина Гази Баба за 2023 година.
Пријавите треба да се доставуват преку пошта до адреса „Архимедова“ бр. 2, или директно во Архивата на општина Гази Баба најдоцна до на 15 10.2023 година, односно до 15 часот на последниот ден од Јавниот Повик, со назнака:
„Јавен повик за финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик на подрачјето на општина Гази Баба “.
Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, со означување на субјектот кој ја поднесува пријавата.
Неуредните апликации/пријави кои не се доставени на начин како што се бара во горенаведениот текст, односно кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и оние кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.
Подетални информации, заинтересираните можат да добијат на e-mail адресата: contact@gazibaba.gov.mk , или директно во секторот за локален економски развој.
Правилник
Јавен повик
Апликација реконструкција на кров СЗ
Апликација реконструкција на кров ИДВСР во ОГБ
Образец – изјава
Согласност станари
Согласност индивидуален сопственик
08.03.2023