Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” број 05/02), а согласно Програмата за локален економски развој за 2023 година („Службен гласник на Општина Гази Баба” број 19/23), и Правилникот за финансиска поддршка за реконструкција на лифт или поставување на нов лифт во станбените згради на подрачјето на општина Гази Баба („Службен Гласник на Општина Гази Баба“ бр.02/24), Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансиска поддршка за реконструкција на лифт или поставување на нов лифт во станбените згради на подрачјето на општина Гази Баба
- Предмет на јавниот повик:
- Користење на финансиските средства утврдени во Буџетот на Општина Гази Баба, со намена за надоместување на трошоците направени за реконструкција на лифт или поставување на нов лифт во станбените згради на подрачјето на Општина Гази Баба.
- Финансиските средства се обезбедени од Буџетот на Општина Гази Баба за 2024 година, Програма за локален економски развој, во износ од 900.000,00 денари.
- Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на заедниците на сопственици на посебни делови и управителите на станбените згради искористени за реконструкција на лифт во станбените згради, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 250 000,00 денари за реконструкција на постоен лифт.
- Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на заедниците на сопственици на посебни делови и управителите на станбените згради искористени за поставување на нов лифт во станбените згради, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 500 000,00 денари за поставување на нов лифт.
- Право на учество на јавниот повик имаат:
- Заедниците на сопственици на посебни делови односно управителите на станбените згради на подрачјето на Општина Гази Баба, кои ги исполнуваат условите и ја доставиле потребната документација.
- Критериуми и услови за учество:
- Станбените згради за колективно домување да бидат постари од 20 години;
- Заедницата на сопственици на посебните делови на станбената зграда треба да имаат донесено Одлука за согласност за реконструкција на лифтот или поставување на нов лифт во станбената зграда, со достава на список со своерачни потписи од минимум 50% + 1 од сопствениците на посебните делови;
- Заедницата на сопственици на посебните делови на станбената зграда треба да имаат донесено Одлука за кофинасирање со сопствени средства за делот од вкупниот износ за реконструкција на лифт или поставување на нов лифт во станбената зграда, со достава на список со своерачни потписи од минимум 50% + 1 од сопствениците на посебните делови;
- Имотен лист со кој се докажува сопственоста;
- Заедницата на сопственици на посебните делови на станбената зграда треба да достават одобрение за поставување на нов лифт, само доколку станува збор за барање за поставување на нов лифт;
- Потребна документација за пријавување:
- Пополнета апликација за реконструкција на лифт – Образец, потпишана од претседателот на заедница на сопственици или управител;
- Пополнета апликација за поставување на на нов лифт – Образец, потпишана од претседателот на заедница на сопственици или управител;
- Листа со потписи на сопственици на станбени единици за учество во проектот;
- Решение од Централен Регистар за Заедница на сопственици или Управителот, не постара од 2 месеци;
- Годишен финансиски извештај за 2023 година;
- Изјава за старост на колективниот станбен објект, дадена и потпишана од овластено лице за застапување;
- Одлука за согласност за реконструкција на лифт или поставување на нов лифт во станбена зграда донесена од заедница на сопственици на посебни делови на станбената зграда;
- Одлука за кофинансирање со сопствени средства за дел од вкупните средства за реконструкција на лифт или поставување на нов лифт во станбена зграда, донесена од сопствениците на посебни делови на станбената зграда;
- Имотни листови не постари од 2 месеци на сите сопственици на станови во зградата кои дале согласност;
- Потврда од општината за евиденција во регистарот на станбени згради;
- Одобрение за поставување на нов лифт – за ова е неопходно да се изработи техничка документација за поставување на нов лифт согласно законот за градење и да се аплицира во секторот за урбанизам и градежно земјиште на Општина Гази Баба за добивање на одобрение за поставување на нов лифт во станбена зграда;
- Понуди од три економски оператори за поставување на нов лифт;
- Понуда од три економски оператори за реконструкција на лифтот;
- Копија од жиро сметката на заедницата на сопственици односно копија од жиро сметката што ја отворил управителот за потребите на станбената зграда;
- Договор за управувачки услуги (доколку работите на управување со станбената зграда се доверени на управител);
- Изјава заверена на нотар од подносителот на барањето (претседателот на заедницата на сопственици на посебни делови односно управителот на станбената зграда) дека нема користено финансиски средства за било која намена од Буџетот на општина Гази Баба во периодот пред објава на Јавниот Повик;
- Рок и начин на доставување на пријавите:
Апликацијата со другите пропратни документи (Правилник, Јавен Повик, Апликација, Изјава, Согласност на станари) за проектот „Финансиска поддршка за реконструкција на лифт или поставување на нов лифт во станбените згради на подрачјето на општина Гази Баба “ може да се подигне во Архивата на Општина Гази Баба или на официјалната веб страница на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk);
Јавниот повик ќе трае до 15 Октомври, 2024 година, односно до реализирање на финансиските средства предвидени во Буџетот на општина Гази Баба за 2024 година.
Пријавите треба да се доставуват преку пошта до адреса „Архимедова“ бр. 2, или директно во Архивата на општина Гази Баба најдоцна до на 15 10.2024 година, односно до 16 часот на последниот ден од Јавниот Повик, со назнака:
„Јавен повик за финансиска поддршка за реконструкција на лифт или поставување на нов лифт во станбените згради на подрачјето на општина Гази Баба “.
Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, со означување на субјектот кој ја поднесува пријавата.
Неуредните апликации/пријави кои не се доставени на начин како што се бара во Јавниот Повик, односно кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и оние кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.
Подетални информации, заинтересираните можат да добијат на e-mail адресата: contact@gazibaba.gov.mk , или директно во секторот за локален економски развој.
Правилник
Јавен Повик
Апликација_реконструкција на лифт_2024
Аликација_поставување нов лифт_2024
Образец_Изјава_2024
Согласност на станари_реконструкција на лифт_2024
Согласност на станари_поставување нов лифт_2024