Согласно Програмата за Локален Економски Развој за 2022 година, („Службен гласник на Општина Гази Баба” бр. 05 / 2022), Општина Гази Баба објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за финансиска поддршка за реконструкција на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на Општина Гази Баба
- Предмет на јавниот повик:
- Користење на финансиските средства утврдени во Буџетот на Општина Гази Баба, со намена за надоместување на трошоците направени за реконструкција на постојни лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Гази Баба.
- Финансиските средства се обезбедени од Буџетот на Општина Гази Баба, Програма за локален економски развој, во износ од 3.000.000,00 денари.
- Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на заедниците на сопственици на посебни делови и управителите на станбените згради искористени за реконструкција на постојни лифтови во станбените згради, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 300.000,00 денари за реконструкција на постоен лифт.
- Право на учество на јавниот повик имаат:
- Заедниците на сопственици на посебни делови односно управителите на станбените згради на подрачјето на Општина Гази Баба, кои ги исполнуваат условите и ја доставиле потребната документација.
- Критериуми и услови за учество:
- Станбените згради за колективно домување да бидат постари од 20 години;
- Заедницата на сопственици на посебните делови на станбената зграда треба да имаат донесено Одлука за согласност за реконструкција на нивниот постоен лифт, со достава на список со своерачни потписи од минимум 50% + 1 од сопствениците на посебните делови;
- Заедницата на сопственици на посебните делови на станбената зграда треба да имаат донесено Одлука за кофинасирање со сопствени средства за делот од вкупниот износ за реконструкција на нивниот постоен лифт, со достава на список со своерачни потписи од минимум 50% + 1 од сопствениците на посебните делови;
- Имотен лист со кој се докажува сопственоста ;
- Комисијата ќе работи согласно принципот „прв дојден прв услужен“;
- Потребна документација за пријавување:
- Пополнета апликација – Образец, потпишана од претседателот на заедница на сопственици или управител;
- Изјава за старост на колективниот станбен објект, дадена и потпишана од овластено лице за застапување;
- Листа со потписи на сопственици на станбени единици за учество во проектот;
- Одлука за согласност за реконструкција на постоен лифт донесена од заедница на сопственици на посебни делови на станбената зграда;
- Одлука за кофинансирање со сопствени средства за дел од вкупните средства за реконструкција на постоен лифт, донесена од сопствениците на посебни делови на станбената зграда;
- Доказ за сопственост (имотни листови на сопствениците на посебни делови на станбената зграда);
- Потврда од општината за евиденција во регистарот на станбени згради;
- Понуди од три економски оператори за реконструкција на постојниот лифт;
- Решение од Централен Регистар за Заедница на сопственици или Управителот, не постара од 2 месеци;
- Копија од жиро сметката на заедницата на сопственици односно копија од жиро сметката што ја отворил управителот за потребите на станбената зграда;
- Годишен финансиски извештај за 2021 година;
- Договор за управувачки услуги (доколку работите на управување со станбената зграда се доверени на управител) и
- Изјава заверена на нотар од подносителот на барањето (претседателот на заедницата на сопственици на посебни делови односно управителот на станбената зграда) дека нема користено финансиски средства за било која намена од Буџетот на општина Гази Баба во периодот пред објава на Јавниот Повик;
- Рок и начин на доставување на пријавите:
Апликацијата со другите пропратни документи (Правилник, Јавен Повик, Апликација, Изјава, Согласност на станари) за проектот „Финансиска поддршка за реконструкција на постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на општина Гази Баба“ може да се подигне во Архивата на Општина Гази Баба или на официјалната веб страница на Општина Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk);
Јавниот повик ќе трае до 15 Ноември, 2022 година, односно до реализирање на финансиските средства предвидени во Буџетот на општина Гази Баба за 2022 година.
Пријавите треба да се доставуват преку пошта до адреса „Архимедова“ бр. 2, или директно во Архивата на општина Гази Баба најдоцна до на 15 11.2022 година. (вторник), односно до 15 часот на последниот ден од Јавниот Повик, со назнака:
„Јавен повик за финансиска поддршка за реконструкција на постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на општина Гази Баба“.
Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на субјектот кој ја поднесува пријавата.
Неуредните апликации/пријави кои не се доставени на начин како што се бара во горенаведениот текст, односно кои содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и оние кои нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.
Подетални информации, заинтересираните можат да добијат на e-mail адресата: contact@gazibaba.gov.mk , или директно во секторот за локален економски развој.
Правилник
Јавен повик
Образец – Апликација
Образец – Изјава
Согласност од станари
06.09.2022