Врз основа на член 50 став 1 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ” број 05/02), а согласно Програмата за локален економски развој за 2023 година („Службен гласник на Општина Гази Баба” број 14/22), и Правилникот за финансиска поддршка на три старт ап фирми од сферата на природните и технички науки со седиште во општина Гази Баба („Службен Гласник на Општина Гази Баба“ бр.04/23), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ИЗБОР НА БИЗНИС ИНКУБАТОР ИЛИ АКСЕЛЕРАТОР ЗА ПОДДРШКА
НА ТРИ СТАРТ АП ФИРМИ ОД СФЕРАТА НА ПРИРОДНИТЕ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ СО СЕДИШТЕ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
- ЦЕЛИ
- Потикнување на старт ап фирмите со седиште во општина Гази Баба во градење на одржливи green деловни решенија во сферата на природните и техничи науки.
- Да се мотивираат старт ап фирмите да размислуваат green и иновативно менувајќи ја нашата локална заедница во различни сегменти на нејзиното функционирање.
- Да се охрабрат старт ап фирмите да ги усовршуваат своите знаења и вештини во сферата на т.н. green економија преку изнаоѓање на иновативни и green решенија за потребите на локалната заедница.
- КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА
Бизнис инкубаторот или Акцелераторот кој ги исполнуваат следните услови:
- Да постои минимум 10 години како правно лице:
- Да има тренинг центар за одржување на обуки за бизнис план со канцелариски простор од минимум 500м² и минимум 10 канцеларии за бизнис инкубација:
- Да има минимум двајца вработени кои се предавачи за започнување бизнис:
- Да биде активен во областа на едукација на млади за започнување бизнис најмалку 10 години;
- ОБВРСКИ НА БИЗНИС ИНКУБАТОРОТ ИЛИ АКСЕЛЕРАТОРОТ
- Подготовка на конкурс за изразување на интерес на старт ап фирми за учество во акселераторската програма и натпреварот во бизнис планови, на проектните тимови и старт ап фирми од сферата на природните и технички науки со седиште во општина Гази Баба;
- Формира Комисија за оценка и избор согласно член 5, став 3, од Правилникот;
- Објава на конкурсот на веб страните и социјалните медиуми на општината и бизнис инкубаторот или акселератот, и во еден печатен медиум;
- Целосно опремен канцелариски простор во времетраење од една година за избраните три старт ап фирми;
- Континуирана поддршка и менторство за раст и развој на компанијата од страна на избраниот Бизнис инкубатор или Акселератор;
- Помош при подготовка на апликација / презентација за инвеститори и програми за финансирање од страна на избраниот Бизнис инкубатор или Акселератор;
- Вмрежување
- Промоција
- Видео запис од процесот на инкубација на старт ап фимите
- По 2 минути видео запис за секој старт ап фирма
- Покриени трошоци за регистрација на старт ап фирма во Општина Гази Баба;
- 10 – неделна акцелераторска програма за зелени бизниси имплементирана од избраниот Бизнис инкубатор или Акселератор:
- Работилници во периодот Јули – Октомври 2023 година:
- Развој на бизнис план,
- Управување со производ во старт ап фирма
- Водење на финансии во старт ап фирмата
- Маркетинг прилагоден на старт ап фирма
- Продажба прилагодена на старт ап фирма
- Користење на дигитални платформи за водење на старт ап фирма
- политики за животна средина и релевантна правна рамка,
- пристап до финансии и
- интелектуална сопственост.
- 1:1 менторство
- Настан за презентација на идеите
- БУЏЕТ
- Вкупниот буџет за оваа финансиска поддршка изнесува 600.000 (шестстотини илјади) денари.
- Буџетот на поединечен избран старт ап не може да надминува 200.000 (двестотиниилјади) денари.
- Општина Гази Баба со избраниот Бизнис Инкубатор или Акселератор ќе склучи Договор за организирање на обука за започнување на бизнис и натпревар за бизнис план, како и канцелариски простор за инкубација во период од една година, на три старт ап фирми од сферата на природните и технички науки со седиште во општина Гази Баба
- Средствата ќе бидат исплатени по потпишување на договорите помеѓу бизнис инкубаторот или акселераторот и избраните три старт ап фирми, а согласно начинот на искористување на финансиските средства образложен во точка 2, ставка d од Правилникот;
- Општината го задржува правото да не ги исплати сите финансиски средства доколку нема доволно квалитетни бизнис идеи или не се исполнети условите за доделување на финансиски средства согласно Правилникот.
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Бизнис Инкубаторот или Акселераторот е должен да ја поднесе следната документација:
- Достава на писмена изјава заверена на нотар за располагање со канцелариски простор минимум 500м² и минимум 10 канцеларии наменети за бизнис инкубација. Писмената изјава ќе биде проверена со увид на лице место;
- Достава на листа на вработени од Агенцијата за вработување на Република С. Македонија за двајца вработени во Бизнис инкубаторот или Акселератор не постара од 30 дена до денот на достава на документацијата;
- Достава на најмалку 10 договори со кои ќе ја докаже својата активност во едукација на млади за започнување бизнис од најмалку 10 години;
- Да се достави Тековна Состојба на бизнис Инкубаторот или Акселераторот од Централен Регистар не постара од 30 дена до денот на достава на документацијата;
- РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Апликацијата со потребната документација Бизнис инкубаторот или Акселератор ја поднесуваат во затворен плик преку Архивата на Општина Гази Баба до комисијата за спроведување на постапката;
- Бараните документи треба да се пополнети на македонски јазик и достават:
- Во печатена форма, и
- електронска форма на CD во PDF формат,
- До Архива на општина Гази Баба, ул. Архимедова бр.2, најдоцна до 16 часот на 17.03.2023 година
- Електронската верзија на докуметацијата треба да се достави и на следната e-mail адреса: contact@gazibaba.gov.mk
- ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- За сите дополнителни информации можете:
- Да не посетите во општина Гази Баба- сектор за ЛЕР и Европски интеграции на адреса Архимедова бр. 2
- Да ни пишете на електронската адреса: contact@gazibaba.gov.mk
Правилник
Јавен повик
08.03.2023