
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на ко–организатор на манифестација Пивтијада 2026 (ЛИНК)
I
Јавниот повик се објавува за избор на ко-организатор за манифестацијата Пивтијада 2026.
II
Право на учество имаат сите здруженија на граѓани, фондации, установи, трговски друштва и маркетинг агенции.
III
Во рамките на овој повик, Општина Гази Баба ќе додели финансиски средства на ко-организаторот на настанот во висина од 150.000,00 денари , утврдени во Програмата за јавни дејности за 2026 година.
IV
Ко-организаторот е должен да ја организира музичката програма за реализација на настанот кој ќе се оддржи на 19.01.2026 година на плоштадот во Автокоманда.
За реализација на музичката програма, ко-организаторот е должен да ангажира естрадни уметници од Р.С. Македонија.
Целата програма на настанот да има времетраење не повеќе од два часа.
V
Основни критериуми кои треба да ги исполнувааат заинтересираните апликанти за учество на овој јавен повик се:
Да се регистрирани во Централниот регистар со седиште во град Скопје и во својата дејност да се занимаваат со организација на културни и забавни манифестации.
VI
Потребна документација која треба да ја достави апликантот до општина Гази Баба:
-Тековна состојба од Централниот регистар не постара од шест месеци
– Потврда дека нема забрани за учество во постапки од Централен регистар
– Предлог програма за реализација на настанот со фискални импликации
VII
Пријавата со целокупната документација се доставува преку пошта, на адресата на Општина Гази Баба ул.„ Архимедова“ бр. 2 1000 Скопје, или во архивата на Општина Гази Баба во зaтворен плик со назнака “За јавен повик за избор на ко-организатор за манифестацијата Пивтијада 2026”, во период од 08.00 до 16.00 часот со ознака “Не отворај” ( на кој ќе биде точно наведено час и датум на архивирање).
Јавниот повик ќе биде објавен на 14.01.2026 година на веб-страницата на Општина Гази Баба и ќе трае заклучно со 15.01.2026 година.
Напомена: Пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
VIII
Комисија формирана со Решение на Градоначалникот на Општина Гази Баба ќе ги разгледа поднесените пријави и ќе донесе одлука за избор на ко-организатор по завршувањето на јавниот повик.