
Врз основа на член 22, став 2, точка 5 од Законот за локална самоуправа, а во согласност со Програмата за јавни дејност на општина Гази Баба за 2025 година, градоначалникот на општина Гази Баба објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за
избор на ко – организатор на манифестацијата Мото фест Гази Баба 2025
Член 1
Јавниот повик се објавува за избор на ко – организатор на манифестацијата Мото фест Гази Баба 2025.
Член 2
Право на учество на јавниот повик имаат сите здруженија на граѓани, фондации, установи, трговски друштва и маркетинг агенции.
Член 3
Во рамките на овој јавен повик, општина Гази Баба ќе додели финансиска поддршка на ко – организаторот на настанот во висина од 200.000 денари, утврдена во Програмата за јавни дејности на општина Гази Баба за 2025 година.
Член 4
Ко – организаторот е должен да ја организира музичката програма за реализација на настанот кој треба да се оддржи во текот на месец Септември 2025 година на плоштадот во Автокоманда.
За реализација на музичката програма, ко – организаторот е должен да ангажира естрадни уметници од Р.С. Македонија.
Целата програма на настанот да има времетраење, не помалку од три часа.
Член 5
Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните апликанти за учество на овој Јавен повик се:
Член 6
Потребна документација која апликантот треба да ја достави до општина Гази Баба:
Член 7
Потребната документација заедно со пријава, апликантите треба да ја достават во затворен коверт до архивата на општина Гази Баба со назнака: Сектор за поддршка на градоначалникот и јавни дејности – Пријава за ко – организатор на настан Мото фест Гази Баба 2025 година.
Рокот за поднесување на пријави е од 30.06.2025 година до 05.07.2025 година во временски период од 08:00 до 16:30 часот.
Напомена: Пријавите доставени со некомплетна документација или по завршување на утврдениот рок нема да бидат разгледани.
Член 8
Комисија формирана со Решение од градоначалникот на општина Гази Баба, ќе ги разгледа поднесените пријави и ќе донесе Одлука за избор на ко – организатор на настанот.
Апликантите на јавниот повик ќе бидат известени за извршениот избор во рок од 5 дена од денот на завршување на приемот на пријавите.