
Врз основа на член 22, став 2, точка 5 од Законот за локална самоуправа, а во согласност со измените и дополнувањата на Програмата за јавни дејности на општина Гази Баба за 2025 година, градоначалникот на општина Гази Баба објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за
избор на ко – организатор на новогодишни активности
Член 1
Јавниот повик се објавува за избор на ко – организатор на новогодишни активности.
Член 2
Право на учество на јавниот повик имаат сите здруженија на граѓани, фондации, установи, трговски друштва и маркетинг агенции.
Член 3
Во рамките на овој јавен повик, општина Гази Баба ќе додели финансиска поддршка на ко – организаторот на активностите во висина од 400.000,00 денари, утврдена во измените и дополнувањата на Програмата за јавни дејности на општина Гази Баба за 2025 година.
Член 4
Ко – организаторот е должен да организира настан кој треба да се оддржи во текот на месец Декември 2025 година на плоштадот во Автокоманда.
Целата програма на настанот да има времетраење, не помалку од два часа.
Член 5
Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните апликанти за учество на овој Јавен повик се:
Член 6
Потребна документација која апликантот треба да ја достави до општина Гази Баба:
Член 7
Потребната документација заедно со пријава, апликантите треба да ја достават во затворен коверт до архивата на општина Гази Баба со назнака: Сектор за поддршка на градоначалникот и јавни дејности – Пријава за ко – организатор на новогодишни активности.
Рокот за поднесување на пријави е од 09.12.2025 година до 12.12.2025 година во временски период од 08:00 до 16:30 часот.
Напомена: Пријавите доставени со некомплетна документација или по завршување на утврдениот рок нема да бидат разгледани.
Член 8
Комисија формирана со Решение од градоначалникот на општина Гази Баба, ќе ги разгледа поднесените пријави и ќе донесе Одлука за избор на ко – организатор на настанот.
Апликантите на јавниот повик ќе бидат известени за извршениот избор во рок од 5 дена од денот на завршување на приемот на пријавите.